Тивки пораки за тешки моменти во кои губите верба во себе
Враќањето на емоциите и мислите на позитивен пат можат да станат вашиот непробоен штит од сите личности или ситуации поради кои сте убедени дека сè ви оди наопаку во животот, дека немате љубов, дека сте слаби или постојано болни… Се пронаоѓате во ова?
Сите ние имаме периоди кога самодовербата ни е на екстремно ниско ниво, како и исклучително кревка и кршлива. Во овие моменти ние дури и ја губиме вербата во себе. Без оглед на причините поради кои се случува ова, секогаш мора да дадете сè од себе за да ја вратите силата и да ја исцелите својата душа.
За да го сторите тоа мора да ги прекинете негативните мисли, да застанете, длабоко да вдишете и да размислите за сè што ви се случува. Доколку сакате овој процес полесно да ви се одвива, тогаш прочитајте ги следниве пораки кои можат да имаат неверојатен ефект дури и во најтешките моменти.
- Јас сум архитект на својот живот и ги градам оние темели што ги сакам.
- Сè што во моментов ми се случува е за мое добро на долг рок.
- Јас сум моќен/на и неуништлив/а.
- Без оглед на тоа што ми е многу тешко сега, станува збор за кратка фаза во мојот долг живот што брзо ќе помине.
- Зрачам со убавина, силна харизма и благодарност.
- Ментално сум здрав/а, генијален/на, и душата ми е мирна.
- Јас сум над сите негативни мисли и дејства.
- Можам мирно да се оттргнам од оние што ме повредиле и можам да им простам.
- Преполна сум со љубов која го победува мојот бес.
- Живеам во свет во кој мојот живот се одвива онака како што е најдобро за мене на долг рок.
Потребна ви е поголема инспирација? Прочитајте ги и овие инспиративни и мотивирачки пораки.