Алкохоличарите и корисниците на дрога често наоѓаат изговори за нивното однесување. Всушност, ова е еден од знаците на зависност. Кога треба да барате изговор за вашите избори, тогаш вашите избори почнале да владеат со вашиот живот. Во продолжение, погледнете некои од најчестите изговори што ги користат овие луѓе. Обрнете внимание на овие причини. Ако забележите дека некој сакан или вие ги користите, можеби има проблем.rnrn
rn
1. Тој/таа ме тера да пијам
rnПрефрлањето на вината е типично однесување на зависник. Многу е полесно да се обидете да ја префрлите вината наместо да признаете дека имате проблем.rn
2. Можам да прекинам ако сакам
rnОва е можеби најчесто користениот изговор. Негирањето е знак на зависност. Многу луѓе продолжуваат да си ја кажуваат оваа лага што е можно подолго.rn
3. Пијам колку и сите други
rnНекои зависници ќе се споредуваат со други луѓе за да докажат дека нивната зависност не е толку сериозна. Само затоа што другите луѓе пијат или почесто користат наркотици, не значи дека вие немате проблем.rn
4. Морам да пијам за да се социјализирам
rnСоцијалното пиење и употребување наркотици лесно може да се претвори во зависност. Зависникот најверојатно ќе си кажува дека користи наркотици или алкохол за да се социјализира. Со текот на времето, честото пиење и користење дрога ќе стане секојдневно.rn
5. Не повредувам никого
rnДруг изговор што го користи речиси секој зависник е тоа дека не повредува никој друг со своето однесување. Во тој случај, според него не би требало да му се мешате. Но, секој којшто има сакани, семејство и пријатели ги повредува нив со неговата зависност. Кога сте зависник, ги повредувате сите околу вас.rn
6. Не пијам толку многу
rnМногу зависници ќе ја рационализираат нивната зависност изјавувајќи дека не пијат или не користат доволно дрога за да бидат зависни. Луѓето коишто имаат проблем со пиењето многу често го користат овој изговор. Бидејќи не пијат секој ден од неделата, мислат дека немаат проблем. Ако имате потреба да користите дрога или да пиете алкохол неколку денови во неделата по ред, тогаш сте зависни.rn
7. Ми помага да се справам со болката
rnИзјавувањето дека ви се потребни дрога или алкохол за да се справите со менталната или физичката болка е исто така знак за зависност. Ако навистина ви е потребна супстанца за да се справите со болката, тогаш најдобро е да посетите професионалец. Обидите сами да се лекувате речиси секогаш водат кон зависност.rn
Првиот чекор е да ја знаете вистината
rnЌе помине време додека да се соочите со вистината. Можеби уште долго ќе ги користите овие изговори. Но сега кога сте свесни за нив, можете веднаш да ги забележите во вашето или однесувањето на саканите. Препознавањето на проблемот е првиот чекор кон лекување.rnrnДознајте и како да се справите со хроничната зависност од супстанци.
