Кој е начинот на кој вие се справувате со досадата за време на бавните викенди? Секој знак има различен пристап кон овој проблем, па така некои од нив се обидуваат да направат нешто продуктивно додека пак другите едноставно се впуштаат во будалести или забавни активности. Прочитајте во продолжение што правите вие во ваква ситуација…
rn
Овен – долго туширање
rnКога Овните се досадуваат тие најчесто завршуваат во тушот и остануваат таму сè додека има топла вода или додека не почувствуваат дека кожата целосно им се збрчкала.
rn
Бик – целодневно чистење
rnЗа да се справи со досадата, Бикот се фрла на работа, поточно на чистење. Тој може за само неколку часови да направи целосна генералка и потоа се части со сладолед.
rn
Близнаци – гледање серии во кревет
rnНикој не може да прави нешто толку долго колку што Близнаците можат да гледаат серии во кревет. Ништо чудно што следат толку серии истовремено…
rn
Рак – зборување и играње со миленици
rnКога Ракот се досадува, тој се насочува кон своите омилени суштества на планетата – домашните миленици.
rn
Лав – жалење за досадата
rn„Досадно ми е. Нема што да се прави. Зарем е можно да е олку бавен денов? Зошто стрелките на часовникот не се поместуваат? Досадно ми еее…“ – секој Лав на оваа планета!
rn
Девица – музика на максимум
rnКога се досадува, Девицата најверојатно шета бесцелно по својот дома. Но, тоа не го прави во тишина. Од звучниците ечи музика којашто ја слуша целиот град.
rn
Вага – правење селфиња
rnКога се досадуваат, Вагите си го пополнуваат денот така што почнуваат да прават мал милион селфиња.
rn
Скорпија – јадење брза храна
rnЗарем има нешто подобро од јадење нездрава храна покрај телевизорот?
rn
Стрелец – пиење алкохол
rnНе само што Стрелците си ја потопуваат досадата во алкохолот, туку исто така и најчесто зажалуваат за оваа одлука бидејќи го завршуваат денот во несвесна состојба.
rn
Јарец – обидување за продуктивна работа
rnЈарецот што се досадува навистина сака да биде продуктивен, но тој најчесто е тотално бескорисен во оваа состојба и завршува со целодневно скролање на Фејсбук.
rn
Водолија – гледање мачки на Јутјуб
rnВодолиите што се досадуваат прават енормно истражување на видеа со мачки што прават глупости.
rn
Риби – целодневно спиење
rnВо истиот момент штом Рибите ќе почувствуваат досада, тие исто така и почнуваат да зеваат, а брзо потоа заспиваат. Не се будат до следниот ден или барем додека не ја преспијат досадата.
Дознајте и како хороскопските знаци општо ја поднесуваат досадата.

