Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Риби

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Риби

Рибите се чувствителни, театрални и сензуални. Овенот во нив гледа забава и фантазија. Помеѓу овие два знака постои хемија и сексуална привлечност, која може да се развие додека тие се сѐ уште само пријатели. Но, со тек на време ваквата врска може да прерасне во голема романса, доколку и двајцата останат слободни.

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Риби

Овие два знака изгледаат како многу моќен пар во јавноста – како да се создадени еден за друг. Иницијативата на Овенот во комбинација со талентот на Рибите, прави останатите да им се воодушевуваат и да им завидуваат. Сепак, поради нивните различни ставови, во оваа врска може да се појават проблеми. Овенот може многу да се разлути поради пасивниот став што го поседуваат Рибите, особено кога се работи за пари и љубов.

Рибите и Овенот имаат различни ставови и кога е во прашање сексот. Додека Овенот има потреба од брзо задоволување, Рибите се тие кои што стрпливо чекаат да се појави вистинската личност за да се препуштат. За разлика од Рибите, Овенот може да се сплетка и да западне во тешка емоционална криза, од која ќе гледа да избега по најкусиот можен пат.

Со тек на време, врската помеѓу овие два знака може да стане комплицирана, особено за работи поврзани со домот, фамилијата и парите. Затоа, најдобро решение би било секој од нив да има свое посебно хоби на кое ќе му се посвети, со цел да не поминуваат премногу време заедно. Рибите најдобро е да си ја сочуваат својата мистериозност. На тој начин, Овенот секогаш би се навраќал на неа, за да ја осознае таа нејзина мистериозност.

Маж Овен и жена Риби

Ваквата љубовна комбинација може да биде нејасна и по малку чудна, но со сигурност ќе биде многу секси и жешка. Во оваа врска, Овенот е тој кој што ќе доминира, нагласувајќи ја својата агресивност и продуктивност, додека Рибите со својата пасивност, слепо ќе го следат секој негов чекор. Жената Риби воопшто нема да размислува за себе, туку целосно ќе му се предаде на својот Овен. Со тек на време, Овенот може да заклучи дека неговата партнерка Риби е премногу чувствителна и ќе проба да ја зајакне. Од друга страна, таа ќе осознае дека Овенот не е прекрасниот принц од нејзините бајки, кој толку многу го чекала. Сепак, сексот помеѓу нив ќе биде толку романтичен и кавалерски, што ниеден од нив нема да може да му одолее.

Жена Овен и маж Риби

Оваа љубовна комбинација или ќе биде прекрасна и неодолива или ќе биде тотална катастрофа. Сепак, сексот помеѓу нив со сигурност ќе биде неодолив. Мажот Риби ќе ѝ се воодушевува на неговата партнерка Овен како на божица, имајќи го предвид неговиот пасивен и сочувствителен карактер. Од друга страна, женскиот Овен сака секогаш да биде во центарот на вниманието. Може да се случи оваа жена да го искористи својот партнер Риби до тој степен што тој нема ни да забележи. Доколку овие два знака ги надминат недоразбирањата и мажот Риби не биде „проголтан“ од својата партнерка, ваквата љубовна комбинација може да прерасне во вистинска духовна романса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар