Загрижени сте дека растенијата во вашиот дом не се изложени на доволно светлина во текот на денот? Сега, веќе немате потреба никогаш повеќе да се грижите за тоа, бидејќи тоа е задача на ова паметна роботска саксија. Овој прекрасен уред го брка сонцето коешто влегува низ домот, за да се осигури дека растението прима доволно хранливи материи.rnrn
rnrnСигурно сте забележале дека растенијата додека растат, инстинктивно се насочуваат кон сончевата светлина. Овој феномен се нарекува хелиотропизам, а го означува движењето на листовите кон правецот на сончевата светлина – изворот на хранливи материи за растенијата. Повеќето растенија морате да ги позиционирате на вистинското место, за тие да можат да ја примаат храната којашто им е потребна.rnrn
rnrnНо, благодарение на овој робот, направен од страна на кинеската компанија „Vincross“ вие никогаш повеќе не треба да се прашувате дали цвеќињата во вашиот дом примаат премногу или премалку сончева светлина. Ова паметно механизирано суштество ќе ја бара и лови светлината и ќе се затскрива под сенка, со цел да му овозможи на растението постојано да напредува.rnrn
rnrnОвој дружељубив робот е креативно дело на Сан Тианчи, кој во „Vincross“ развил робот којшто се вика HEXA, а оттогаш навака го прилагодил за да издржи мала саксија со сукулентно растение. Делумно саксија, делумно ракче, овој шестоног уред може да почувствува кога на растението му е потребно светлина или сенка и тупка по земјата, секогаш кога му е потребна вода. Тианчи го објаснил концептот на работа на овој робот на форумот на Vincross, но сѐ уште не е сосема јасно, како тој ги разбира овие потреби на растенијата.rnrn
Без разлика како оваа паметна саксија знае да ги задоволи потребите на растенијата, таа несомнено претставува одличен уред за добро да се погрижите за вашите домашни цвеќиња. Освен што има улога на роботска дадилка за растенија, оваа саксија може да танцува кога е среќна, а знае и да си поигра со вас и да ве забавува.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМоже да ве интересираат и овие 11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес.
Паметна роботска саксија се движи и го „лови“ сонцето, за да им овозможи доволно светлина на растенијата
