10 моќни причини зошто да почнете да ги следите вашите соништа
Можете да бидете толку многу зафатени што сметате дека воопшто не вреди да ги следите вашите соништа. Но пред да се откажете од себе и од она што сакате да го постигнете, имајте ги на ум овие причини зошто треба да ги следите вашите соништа.
1. Животот е краток
Минутите се претвораат во часови, часовите во денови. Дури да се свртите може да исчезне сè што имате. Една од најважните причини зошто треба да ги следите вашите соништа е тоа што животот е премногу краток за да не го направите тоа. Премногу луѓе го минуваат животот движејќи се во круг и прашувајќи се која е смислата. Одговорот е многу едноставен – следете ги вашите соништа. Размислете, поминувате 70, 80 години на оваа планета. Тоа е доволно за да сфатите што сакате и да почнете да го следите тоа. Немојте да го поминете целиот живот правејќи нешто што го мразите.
2. Направете го тоа за себе
Соништата секогаш изгледаат како тешки за достигнување, но токму поради тоа се наречени соништа. Нема чувство кое може да се спореди со радоста кога ќе го постигнете она што отсекогаш сте го сакале. Па, следете ги соништата за само една причина – вие. Направете го тоа бидејќи заслужувате да се чувствувате гордо и ги заслужувате само најдобрите нешта во животот.
3. Докажете им го спротивното на оние кои не ве поддржуваат
Соништата изгледаат недостижни бидејќи секогаш постојат луѓе кои ќе се сомневаат во вас и ќе ви велат дека никогаш нема да ги достигнете. Нема ништо пофрустрирачко од тоа да слушате како некој ви вели дека не можете да направите нешто. А ова ќе го слушате долг период од животот. Сепак тоа не значи дека треба да ги послушате овие луѓе и да се откажете од вашите соништа. Гледајте го секој темен период од животот како можност. Вратете се на нозе посилни од кога било порано.
4. Направете го за вашата среќа
Соништата доаѓаат во сите форми и големини. Можеби само сакате да постигнете некоја мала цел, како слабеење, или сакате да се најдете на листата на најбогати личности. Големи или мали, крајниот резултат секогаш ќе биде задоволително искуство. Да имате нешто што сте го сакале од мали е најдоброто чувство. Замислете да го правите тоа до крајот на вашиот живот, одново и одново. Да ја работите работата од соништата значи дека сте победиле во животот.
5. Никој нема да го направи тоа за вас
Следете ги вашите соништа бидејќи никој нема да ги следи за вас. Сакате да бидете следната Џ. К. Роулинг или Амелија Ерхарт? Тоа е одлично, но мора да се тестирате и напорно да работите за да стигнете до таму. Вашите ментори, колеги и пријатели не можат да ви помогнат ако вие не го водите движењето. Желбата треба да дојде од вас. Можете да побарате помош од другите, но тоа нема да го промени фактот дека вие треба да преземете нешто.
6. Работењето ќе стане поподносливо
Само малкумина ја добиваат работата од соништата од прв обид. Повеќето се помируваат со здодевни работни места само колку да ги покријат нивните трошоци. Тоа е сосема во ред. Работата е дел од животот и не мора да се чувствувате заглавено бидејќи работите нешто што не сакате. Она што ќе ве мотивира е работењето на некој ваш проект настрана. Инвестирајте го слободното време во исполнување на соништата.
7. Имате потенцијал да заработите повеќе
Страсните бизнисмени се поуспешни бидејќи имаат непресушен извор на ентузијазам. Можат да заработат повеќе бидејќи нема да се помират со помалку. Кога го живеете вашиот сон и правите сè што е во ваша моќ за да созреете како личност, она што го имате ќе го правите подобро. Многу е полесно да работите напорно за нешто што го сакате.
8. На луѓето им е потребна секојдневна инспирација
Замислете си дека сте ги исполниле соништата и го живеете животот што го сакате. Можете да се вратите назад и да се сетите на личноста којашто сте биле и да се чудите на вашата способност да стигнете до овде. Ќе ги помните моментите кога сте биле изгубени и обесхрабрени. Околу вас постојат луѓе кои го чувствуваат тоа и продолжуваат да се сомневаат во себе. Луѓе кои се инспирирани, но сè уште не стигнале до нивната дестинација. Кога ќе ги исполните вашите соништа, ќе станете симбол за надеж за овие луѓе.
9. Ќе сретнете „сродни“ души
Како што ќе се одвива вашето патување, ќе среќавате луѓе кои се до истата фаза како вас. Ќе се среќавате со луѓе кои се подготвени да се откажат од сè за соништата. Кога ќе се најдете во друштво на „сонувачи“, ќе бидете оптимисти и за вашиот сон.
10. Ќе се чувствувате исполнето
Едно од најважните прашања што си ги поставуваме е: „Што правам овде?“ Минуваме многу време обидувајќи се да сфатиме која е нашата улога во универзумот. Правејќи го она што го сакате ќе се чувствувате среќно, и најважно од сè – исполнето.
Ако навистина ви е потребна добра причина да ги следите вашите соништа, следете ги бидејќи си должите да бидете среќни до крајот на вашиот живот.
Овие инспиративни цитати ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништа.