8 ефективни начини за ослободување од конјунктивитис

8 ефективни начини за ослободување од конјунктивитис

Бактериите, вирусите и алергените се најчестите причини за проблеми со очите. Кога станува збор за алергени, од помош е да знаете што сте допреле или каде сте биле. Кога се во прашање вирусите и бактериите, станува збор за зараза која може да се прошири од родител на дете и обратно. Иако овие совети ќе ви заштедат време и пари, ако сте загрижени за здравјето на вашите очи секогаш е важно да побарате медицинска помош.

1. Облоги од чај

8 ефективни начини за ослободување од конјунктивитис

Зелениот чај и чаевите од билки се полни со биофлавоноиди кои го подобруваат здравјето на срцето. Можете да ги користите во борбата против бактериските и вирусните инфекции, како и за намалување на воспаленијата. Чајот од камилица е одличен за топли облоги. Ставете неколку вреќички во топла вода. Исцедете ги и нанесете ги на затворени очи. Доволни се и 10 минути за да го намалите отокот. Немојте да користите билни чаеви за време на бременост или ако имате некоја алергија.

2. Раствор од сол и вода

8 ефективни начини за ослободување од конјунктивитис

Многу аптеки нудат разни капки со сол и вода, но можете и сами да го направите растворот. Зовријте чаша дестилирана вода со половина лажица сол и оставете ја течноста целосно да се излади. 1-2 капки во секое око би требало да биде доволно. Солта го чисти отпадот што се насобирал во очите и ги убива бактериите. По два дена направете нов раствор за да избегнете загадување од бактерии. Уште подобро е ако секој ден правите нов.

3. Мед

8 ефективни начини за ослободување од конјунктивитис

Бидејќи е полн со хранливи материи, медот има многу здравствени придобивки. Антибактериските својства на медот можат да ви помогнат брзо да се ослободите од инфекцијата и нејзините симптоми. За да направите раствор потребна ви е 1/4 лажица мед и 1/4 чаша дестилирана вода или млеко. Ставете по 2 капки во секое око. Можете да користите и крпа за да го исчистите заболеното место.

4. Колоидни сребрени капки

8 ефективни начини за ослободување од конјунктивитис

Овие капки можат да помогнат против иритацијата и инфективните вируси и бактерии. Кога се нанесуваат на инфицираното место, сребрените колоиди ги привлекуваат заболените клетки и ги праќаат во крвотокот за да се исфрлат. Сепак, важно е да ги користите капките под медицински надзор. Немојте да ги употребувате подолго од една недела.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар