Џиновската рака во пустината Атакама, Чиле
Издигнувајќи се од песокот на чилеанската пустина Атакама, оваа џиновска рака изгледа како симбол на некоја одамна исчезната нација, но всушност е скулптура на артистот Марио Ираразабал. Таа е позната како „Mano del Desierto“ или „Раката од пустината“, а нејзината цел е таа да претставува тажен чувар покрај Пан-американскиот автопат, потсетувајќи ги патувачите за реалната трагична состојба во која се наоѓа човештвото.Таа се наоѓа на надморска височина од 1.100 метри, 75 километри јужно од градот Антрофагаста. Скулптурата била спонзорирана од локалната организација „Corporación Pro Antofagasta“, а била поставена на 28 март 1992 година. Таа сега е многу добро позната туристичка атракција, но исто така и мета на многу вандали и уметници на графити.Раката е симбол на емоции на неправда, осаменост, тага и тортура. Висока е импресивни 11 метри, а составена од метална конструкција и бетон.Чилеанскиот скулптор Марио Ираразабал студирал филозофија и уметност на универзитетот „Нотар Дам“ во Индијана и теологија во Рим. Подоцна вежбал со германскиот скулптор Ото Валдемар, а својата прва работа ја изложил во 1970 година.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.