Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Водолија
Ова може да биде многу предизвикувачка и возбудлива љубовна врска. Овенот и Водолијата претставуваат интересна комбинација од страст, пријателство и сексуална енергија. Нив двајца никогаш нема да им биде здодевно и тие ќе искусат многу убави моменти за паметење, заедно со нивните блиски пријатели и семејството.
Дружбите со разни типови луѓе и посетувањето интересни социјални настани ќе го стимулираат развојот на нивната врска. Претставниците на двата хороскопски знака имаат потреба од независност, како и слични креативни способности.
Овенот и Водолијата ќе имаат интересна љубовна врска и забавен сексуален живот, а едниот од нив сигурно и брзо ќе се вљуби во новиот партнер. Овенот треба да остане релаксиран, за да види каде ќе го одведе оваа врска. Водолијата пак, треба да му биде благодарна на Овенот за вниманието и трудот кој го вложува во врската и за начинот на кој секогаш умее да ја насмее. Колку побрзо започнат сериозна врска, толку подобра таа ќе биде.
Маж Овен и жена Водолија
Кога жена родена во знакот Водолија започнува романса со маж Овен, тогаш со сигурност нивната врска ќе биде безгрижна, едноставна и возбудлива. На жената Водолија ѝ се допаѓа тоа што Овенот знае како да го живее моментот, а тој пак ужива во темпераментноста и избувливоста на Водолијата, бидејќи тоа го осигурува дека нивната врска никогаш нема да стане досадна.
Во сексуална смисла на зборот, тие преставуваат комбинација од електрицитет и динамит! Женската Водолија се возбудува од инстинктивниот начин на водење љубов на Овенот, а него го „пали“ нејзината желба за експериментирање под чаршафите.
Жена Овен и маж Водолија
Ова е успешен љубовен пар. И жената Овен и мажот Водолија обожаваат да искусуваат нови работи и ниеден од нив не може да мирува и да гледа како животот им поминува пред очи. Овенот сака да си создава живот според свои мерки, а Водолијата ако треба ќе го сруши целиот живот кој дотогаш го живеела, за да создаде комплетно нов, кој ќе одговара на нејзините потреби.
На жената Овен ѝ се допаѓа револуционерната природа која ја има Водолијата, додека пак, тој ја цени независноста на Овенот, која е во согласност со неговата потреба од индивидуалност. Двата знака ја ценат слободата, а во сексот ќе прават многу разни експерименти.