Можат ли жените со синдромот полицистични јајници да останат бремени?

Можат ли жените со синдромот полицистични јајници да останат бремени?

Синдромот полицистични јајници се појавува во 10% од популацијата на жените, но многумина од нив не знаат дека воопшто го имаат. Најчесто тој се открива ако жената не може да остане бремена, па посетува гинеколог за консултација. Токму затоа и решивме да ви одговориме на најважните прашања за овој синдром, како и да ве поттикнеме да одите на редовни гинеколошки прегледи со цел да можете да откриете каков било проблем додека е на почетокот, лесно излечив.

Синдромот полицистични јајници е еден од најчестите хормонални, односно ендокринолошки нарушувања. Причината за појавата на овој синдром не е целосно разјаснета, но најчесто големо влијание имаат генетските фактори во комбинација со влијание од околината.

Дијагнозата може многу лесно да се добие преку едноставен ултразвук, но се карактеризира со голем број симптоми, од кои најчесто се нарушувањата во овулацијата и зголемено создавање машки полови хормони.

Постојат и „тивки“ симптоми за полицистични јајници што жените често не ги поврзуваат со овој синдром, туку со стрес или нездрав начин на живот. Тоа се, на пример, појава на акни, нередовни менструации, дебелеење во пределот околу стомакот и зголемено растење влакна низ телото.

Најголемиот проблем што го создава овој синдром е неплодноста, односно отежнат процес за зачнување. Иако жените со полицистични јајници можат да останат бремени, најчесто е потребен строг надзор од доктор.

Од дијагноза до бременост

Пред започнување со каква било терапија, најпрво треба да се намали телесната тежина. За поголемиот број од жените, доволно е само губење 10% од нивната телесната маса со цел да ја вратат репродуктивната функција во живот. Што се однесува до лековите, тие се примаат по строг режим сè додека не се постигне овулација.

Кога ќе се врати овулацијата, пациентката може малку да се опушти, но сепак е потребно внимавање при процесот на зачнување, како и внимателно следење на целата бременост.

Трудниците што го надминале овој синдром и останале бремени, имаат потреба од дополнила грижа, особено ако имаат дијагноза и за инсулинска резистенција. Токму затоа правилната исхрана и контролата на телесната тежина се првите совети од докторите, а од таму продолжува и сè останато.

Прочитајте повеќе информации за синдромот полицистични јајници!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар