КАФЕ ПАУЗА

Жена која влегува во 60-тите напишала моќно писмо до нејзината 16-годишна верзија

Жена која влегува во 60-тите напишала писмо до нејзината 16-годишна верзија

Written by

in

,

Ова е навистина интересно прашање: „Како жена која влегува во нејзините 60-ти, што би ѝ кажале на својата 16-годишна верзија?“ Една жена решила да даде одговор. Прочитајте во продолжение што имала таа да сподели со себе.rnrnЖена која влегува во 60-тите напишала писмо до нејзината 16-годишна верзијаrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnБев на традиционален пат. Доаѓам од огромно семејство и се чувствував безбедно и сакано, иако бевме сиромашни и моите родители се мачеа да сврзат крај со крај. Сакав да учам нови нешта и бев љубопитна. Уживав во училишната работа и сакав да добивам добри оценки.rnrnСакав физичка активност и танцувањето без сомнение ми беше омиленото нешто. Бев и малку анксиозна, па се грижев премногу. Сепак, се сомневам дека зборот анксиозност ми поминал низ глава тој период, не па идејата да најдам стратегии за да се справам со неа.rnrnМојата 16-годишна верзија немаше размислувано многу за иднината, иако отсекогаш знаев дека сакам да одам на факултет и сакам да учам јазици. Сакав да предавам и да направам разлика, а особено сакав да учам имигранти. Навистина чудно, бидејќи тогаш живеевме во монокултурно општество и се немав сретнато со разни култури. Исто така бев романтичар и често сонував да ја сретнам мојата вистинска љубов.rnrnСега ја гледам мојата 16-годишна верзија и ѝ велам дека ќе има живот како луда железница. Твојот ум ќе се прошири неверојатно многу преку разните животни искуства и преку твојата отвореност кон учењето. Ќе научиш дека неуспехот е одличен учител. Твоите очи ќе бидат отворени кон разновидноста на луѓето и културите, разните гледни точки на светот и разните вредности што ги имаат луѓето.rnrnЌе бидеш преплавена од херојството и суровоста на луѓето. Преку сето тоа ќе имаш оптимистички поглед кон животот што го доби уште како млада девојка и ќе веруваш дека повеќето луѓе се чесни и го дават најдоброто од себе во комплексен и несигурен свет.rnrnШто и да правиш, ќе го вклучиш целото срце и целата душа во тоа. Нешто ќе добиеш, нешто ќе изгубиш! Ќе ја најдеш вистинската љубов и ќе имаш 3 неверојатни синови кои ќе бидат светлината во твојот живот и ќе те научат на многу нешта. Ќе имаш успешна кариера во образованието и не само што ќе подучуваш имигранти, туку ќе имаш и улога на лидер.rnrnЌе се соочиш со огромни предизвици – ќе ти се скрши срцето кога сестра ти ќе умре млада и ќе ти биде страв да не ги изгубиш саканите поради проблеми со здравјето. Ќе ги цениш малите нешта во животот и ќе бидеш благодарна за многу нешта.rnrnЌе бидеш фасцинирана од начинот на кој се однесуваат луѓето и ќе го поддржуваш личниот развој. Ќе научиш дека сите имаме таков потенцијал, само ако го развиваме, и ќе ја научиш важноста од тоа да ги следиш своите страсти. Всушност, ќе им помагаш на луѓето и ќе го сакаш тоа, па дури ќе напишеш и водич за тоа.rnrnПод сето тоа ќе видиш дека основните вредности што си ги развивала додека си растела се исти. Ќе продолжиш да се однесуваш со луѓето онака како што сакаш да се однесуваат кон тебе. Твоите силни семејни вредности пренесени од родителите ќе имаат важен удел во начинот на живеење. Ќе останеш отворена за учење и љубопитна за светот. Ќе продолжиш да растеш и да го шириш својот ум учејќи многу за себе и за другите.rnrnИсто така ќе забележиш дека мислите дека не си доволно добра ќе се појавуваат во најнепогодните моменти. Ќе научиш дека си многу повеќе од твоите мисли и его. Ќе ги цениш периодите кога ќе го чувствуваш тоа, иако анксиозноста и стравот понекогаш ќе ти застанат на патот.rnrnЌе бидеш многу горда на моментите кога си излегла од својата удобна сона. Нема да бегаш од предизвици. Всушност, ќе ги прифаќаш и преку нив ќе станеш посилна и поотпорна. Ќе научиш да бидеш подобра кон себе и ќе ги цениш сега наместо да се грижиш што би се случило и да се плашиш за иднината.rnrnНа 16 години мислиш дека луѓето во нивните 60-ти се премногу стари и веројатно пензионирани, но можам да ти кажам дека тоа е далеку од вистината. Твојата желба да направиш разлика ќе остане темата на твојот живот, без разлика на твојата возраст.rnrnТвојот живот ќе се одвива на разни начини. Без сомнение си многу помудра штом влегуваш во 60-тите, но има уште толку многу што треба да научиш и да искусиш. Имаш разни патишта за одење и ќе продолжиш да се предизвикуваш и да пробуваш нови нешта, иако многу од семејството и пријателите ќе бидат збунети поради овој начин на размислување.rnrnСтарите ограничени шеми ќе продолжат да се појавуваат, но ќе станеш многу посвесна за нив. Ќе прифатиш дека се овде, но дека не те обземаат. Тоа се само мисли. Знаеш дека животот ќе продолжи да ти приредува пресврти, а тие ќе бидат твоите најдобри учители.rnrnДрага моја, за крај сакам да го споделам овој цитат со тебе кој ми помогна и го сумира начинот на којшто го живеам мојот живот:rn

„Меѓу стимулите и одговорот има простор. Во тој простор е нашата моќ да го одбереме нашиот одговор. Во нашиот одговор лежат созревањето и нашата слобода.“ – Виктор Франкл

rn[/message_box]rnrnПрочитајте го и ова моќно писмо на една мајка до нејзината ќерка тинејџерка.