7 нешта што треба да ги запомните кога животот ви изгледа невозможен

7 нешта што треба да ги запомните кога животот ви изгледа невозможен

Силата расте во моментите кога мислите дека не можете да продолжите, но продолжувате без оглед на тоа. А ако минувате низ тежок период и животот ви изгледа неверојатно тежок, потсетете се на овие 7 нешта.

7 нешта што треба да ги запомнете кога животот ви изгледа невозможен

1. Дури и најлошите денови имаат 24 часа

Кога животот ќе стане тежок, ви изгледа како времето да забавува. Иако не ви е лесно, важно е да знаете дека ќе помине. Дури и неверојатно тешките денови имаат само 24 часа. А секоја секунда, минута и час ве доближуваат до надминување на овој период од вашиот живот и продолжување како посилна и помудра личност.

2. Го добивате само она со коешто можете да се справите

Животот не е секогаш едноставен, но не ви дава поголеми предизвици од она со коешто можете да се справите. Сите ваши проблеми кои кулминирале веројатно ќе ве претворат во поспособна, прилагодлива и страсна личност, само ако им дозволите.

3. Секогаш има лекција

Сите ние сме ученици, а животот е нашиот учител. Со секое искуство што го имаме, добиваме нова можност да учиме и созреваме. Ова важи најмногу за предизвиците, односно кога сте на пат кон забрзано созревање. Се разбира, тешко е да разберете дека сте соочени со предизвик, а потоа со лекција. Но, запомнете дека во тешките периоди секогаш одите кон ново ниво на разбирање на нештата кои го чинат животот.

4. Секогаш ја имате моќта да направите избор

Сега додека поминувате низ тежок период, запомнете – сè уште ја имате моќта да одлучите како ќе се чувствувате и како ќе реагирате на околностите. На вас останува да одлучите каква ќе ви биде перспективата низ секоја фаза од животот.

5. Животните предизвици често ве подготвуваат за нешто големо

Погледнете ги Опра Винфри, Џ. К. Роулинг, и уште безброј инспиративни луѓе. Што им е заедничко? Сите тие надминале неверојатно предизвикувачки околности и одлучиле да ги искористат за да ги следат своите соништа и да ги инспирираат другите. И сите тие мале избор – можеле да паднат и луѓето би ги разбрале. Но не го направиле тоа, а не треба ни вие. Искористете ги тешките периоди од животот како муниција за успех.

6. Сè додека дишете, имате шанса

Дали го чувствувате кислородот кој ги исполнува вашите бели дробови? Сè уште сте овде. Уште ја имате сегашноста. Даден ви е овој ден и оваа шанса со причина. Не откажувајте се. Можете да го надминете ова.

7. Тешките периоди секогаш изгледаат невозможно додека не завршат

Дали некогаш сте погледнале наназад кон некој момент од животот и сте помислиле колку е неверојатно што сте преживеале нешто? Токму овие моменти се доказ дека ние луѓето сме навистина отпорни. Се обидуваме. Не успеваме. Минуваме низ тешки периоди. Остануваме повредени. Стануваме и се обидуваме одново. Ние сме силни и неверојатни. Ние ја имаме моќта да ги надминеме тешките периоди и да излеземе посилни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар