Оваа направа сè уште не се наоѓа на пазарот, но има одлични критики. Филип Френзел, студент на Универзитетот Аален во Германија ја дизајнирал ADCASE, генијална маска за телефон која отвора воздушно перниче веднаш штом ќе ви падне телефонот.rnrn
rnrnИзумот веќе му ја донел првата награда од Германското здружение за мехатроника, кое одбирало помеѓу проекти на студенти од целата држава.rnrn
rn
„Пред 3 години, на Филип му падна новиот ајфон. Екранот беше многу искршен. Потоа купуваше маски за да го заштити новиот телефон, но заштитата воопшто не му се допаѓаше“, изјавил портпарол на ADCASE.
rn
rnrnНа почетокот Филип создал механизам за активирање со сензори кои забележуваат кога направата е во слободен пад. Но што би активирал? На почетокот размислувал за вистинско воздушно перниче на телефонот и алтернатива на база на пена. Сепак, овие дизајни не се покажале како практични. На крај се одлучил за нешто помеко – федери.rnrn
rnrnНа Филип му биле потребни 2 и пол години за да ја направи маската. Планот бил да биде компатибилна со најновиот ајфон, почнувајќи од ајфон 6.rnrn
rnrnЗа деловите употребил 3Д печатач. Маската се закачува на задниот дел од телефонот и не ја менува неговата естетика.rnrn
rnrnНа видеото во продолжение можете да видите како функционира направата.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=mLoEcgAaRpIrnrnДодека овој изум да стигне кај нас, погледнете кои се тајните на луѓето кои никогаш не го скршиле својот телефон.
