Факти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпад

Факти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпад

Дали некогаш сте се запрашале колку ресурси троши еден човек во неговиот живот? Ги консумираме ресурсите многу побрзо отколку што планетата може да ги замени. Ако сите луѓе би живееле во развиени држави, би ни биле потребни 4 планети како Земјата за да ги задоволиме нашите барања. Овие факти ќе ви покажат колкава штета ѝ нанесуваме на Земјата.

Генериран отпад

Факти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпад

Па, колку отпад правиме во текот на нашиот живот? Овде станува збор за храна, пластика, пелени, сапуни, облека… Бројките се застрашувачки.

  • Секој ден, секој човек „испраќа“ 75 литри отпад во канализацијата. Во текот на целиот живот тоа се 2.148.505 литри.
  • Во текот на животот секој човек испраќа 64 тони отпад во депониите.
  • Секоја година САД создава 246 милиони тони тврд отпад.
  • Секоја секунда се фрлаат 694 пластични шишиња, односно 60 милиони дневно.
  • Секој ден се фрлаат 100 милиони конзерви од челик и алуминиум. Тоа е доволно да се изгради цел град.
  • Генерираме 220 милиони тони ѓубре секоја година.
  • Развиените држави произведуваат над 50% од отпадот во светот.

Моментално нема статистика која го мери целиот отпад на Земјата.

Колку време е потребно да се распадне целиот отпад?

Факти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпад

Поголемиот дел од отпадот завршува во депониите. Овие депонии се вториот најголем извор на емисија на метан. Емисијата на метан се зголемува со текот на времето и станува сè поопасна. Причината е што метанот ја заробува топлината во атмосферата на земјата.

1. Пластичен отпад

Факти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпад

Пластиката е многу користен производ, но е голем проблем за околината. Потребно е многу време за нејзино распаѓање – околу 1.000 години во депониите.

  • На пластичните кеси им се потребни 10-1.000 години.
  • Пластичните шишиња се распаѓаат 500 години.
  • Пластичните садови се распаѓаат за 20-30 години.
  • Стиропорот се распаѓа 80-90 години.
2. Пелени за една употреба

Факти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпад

Секоја година се фрлаат 20 милијарди пелени. Нив им се потребни 250-500 години за распаѓање. Покрај тоа тие зафаќаат 2% од целиот тврд отпад на Европа. Во просек на секое бебе му се потребни 6.000 пелени пред да научи да користи тоалет. Ова се околу 2 тони пелени во депониите.

3. Алуминиумски конзерви

Факти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпад

Во САД секој ден се преработуваат 120.000 алуминиумски конзерви. Тоа значи дека се рециклираат само 58,1% од конзервите. За 3 месеци се фрлаат доволно конзерви за да се изгради цел град. Во депониите на алуминиумот му се потребни околу 80-200 години да се распадне.

4. Стакло

Факти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпад

Рециклирањето на стакло е често и е популарно бидејќи е потребна помалку енергија за производство. Самит процес е многу едноставен – стаклото се крши и се топи. Сепак, во депониите завршува многу стакло на кое му се потребни милиони години да се распадне. Постојат неколку важни факти кои треба да ги земете предвид.

  • Рециклираното стакло може да се употребува повеќе пати и во тој процес се создава малку отпад.
  • Стаклото остава голем отпечаток од јаглерод, а кога се рециклира овој број се намалува.
  • Колку поефикасно рециклираме, толку повеќе ѝ помагаме на околината намалувајќи ја потребната енергија за производство.
  • Најдобро е да користите стакло наместо пластика за чување храна.
5. Хартија

Факти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпад

Хартија зафаќа речиси најголем простор во депониите. Потребни ѝ се 2-6 недели за распаѓање, што е многу помалку од другите материјали. Но поради количината подобро е да почнеме да ја рециклираме бидејќи ќе заштедиме многу простор. Покрај тоа ќе се намали енергијата и консумирањето на природни ресурси кои се потребни за нова хартија.

6. Храна

Факти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпад

Храната е најтешкиот и најголемиот отпад во депониите. Времето на распад најчесто зависи од видот на храната. На пример, лушпата од лимон се распаѓа 6 месеци, додека лушпата од банана 4 недели. Кога станува збор за рециклирање храна, важно е да знаете како да ја класифицирате и во какви садови ќе ја складирате.

Ова се најчести продукти што се наоѓаат во депониите со нивното време на распад:

  • Калај: Не се распаѓа
  • Волна: 1-5 години
  • Цигари: 10-12 години
  • Гумени ѓонови: 50-80 години
  • Пластични чаши: 50 години
  • Кожни чевли: 25-40 години
  • Кутија од млеко: 5 години
  • Картон: 2 месеца
  • Стиропор: Не се распаѓа
  • Лименки: 50 години
  • Батерии: 100 години
  • Хигиенски влошки: 500-800 години

Погледнете ги и овие факти за загадувањето со пластика и како можете да го спречите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар