КАФЕ ПАУЗА

Пробајте ги овие 7 летни плетенки доколку ви е смачено од коњски опавчиња и пунџи

Целата претходна недела ја носевте вашата коса собрана во пунџа или цврсто коњско опавче и се чувствувате како веќе да ви е смачено од овие фризури? Нема проблем, имаме одлична идеја за вас! Погледнете ги следниве 8 летни плетенки што истовремено и изгледаат возрасно и ќе ви помогнат да го оставите вашиот врат да „дише“ на раат за време на високите температури.rn

1. Плетенка во форма на ниска круна

rnrnrnОвие плетенки делуваат помладолико кога се носат високо на главата, но ако ги потспуштите малку надолу ќе ги претворите во кежуал фризура што е совршена за секојдневието.rn

2. Растурена плетенка

rnrnrnОваа фризура е подобрена верзија на класичното коњско опавче. Растурената плетенка е совршена за сите ситуации, од обичната прошетка во парк до свадбената прослава на вашата најблиска пријателка.rn

3. Плетенка во форма на лента за коса

rnrnrnЛентите беа одличен начин да ја тргнеме нашата коса од очите кога бевме деца, но тие не само што излегоа од мода, туку и воопшто не одговараат на возрасна жена. Но, ако ги замените со плетенка, тогаш без сомнение ќе добиете возрасен пош изглед!rn

4. Плетенка како патец

rnrnrnСтанува збор за плетенката на летото. Оваа фризура ќе направи да изгледате поженствено додека истовремено и ќе ви ја тргне косата од лицето.rn

5. Странична плетенка

rnrnrnАко ги сакате плетенките во форма на круна, но не сте расположени за целосно собирање на косата тогаш страничната плетенка е совршениот избор. Со неа ќе изгледате многу опуштено и женствено.rn

6. Сплетена пунџа

rnrnrnДури и ако ви е здодеано од пунџите, мора да признаеме дека тие се навистина спас за време на летните горештини. Но, не сите пунџи треба да изгледаат исто. Освежете го вашиот изглед со сплетена пунџа!rn

7. Пунџа во форма на цевка

rnrnrnПола француска плетенка, пола испревртен твист, оваа пунџа во форма на цевка што била измислена од фризерката Ники Велш е нешто што досега сигурно го немате видено!rnrnНов тренд на социјалните мрежи: Розови плетенки во форма на цвеќиња!