Изгледа дека нема потреба да бидете хипици или да живеете во Сан Франциско за да носите цвеќиња во вашата коса. Најновиот пролетен тренд го покажува токму тоа – прекрасни плетенки во косите на девојките, умешно наместени за да наликуваат на ружи. Идејата започнала од фризерката Алисон Валсамис, која потоа направила и видео туторијал за да ни покаже како и самите да ја направиме оваа фризура.rnrn
rn
„За да ги направам ружите, прво правам 3 мали плетенки што ќе се претворат во центарот на цветот. Потоа, правам комбинација од обичната плетенка „рибја коска“ и холандската верзија од истата, малку одвоени за да создадам длабочина. На крај завршувам со холандска плетенка со 3 прамени, повлечени само од надворешната страна, за да изгледа како расцветено цвеќе“, открива таа.
rnДелува едноставно, зарем не? Погледнете го видео туторијалот во продолжение како и повеќе фотографии од овој прекрасен тренд и пишете ни дали ви се допаѓа.rn
rn
rnrnrn
rn
rnrn
rnrnrn
