13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата

Сподели

2017-тата година беше најжешката во историјата на метеоролошките мерења во последните 150 години. Покрај тоа, некои научници веруваат дека Европа и САД наскоро ќе бидат покриени со вечен мраз. Можеби не знаеме колку се точни претпоставките на научниците, но со сигурност знаеме дека одамна не ѝ правиме добро на планетата.

Реклама

Експертите го дефинираат „променливото расположение“ на планетата како нервна клима. Главната причина за нетипичното однесување е затоплувањето на Арктикот што предизвикува исчезнување на мразот на Гренланд. Денес ова се случува 2 пати побрзо за разлика од пред 10 години. На следната листа се наоѓаат последните „лоши расположенија“ на Земјата за кои се виновни само луѓето.rn

1. Абнормална топлина

rnТемпературата во Аризона достигнала 48 степени Целзиусови, а во Кувајт 54 степени Целзиусови. Поради влијанието на хемиските соединенија од антропогено потекло, озонскиот слој на нашата планета се „руши“. Не само што овој слој го чува кислородот на Земјата, тој нè штити и од штетното ултравиолетово зрачење. Поради ова метеоролозите постојано забележуваат абнормално покачување на температурите.rn

2. Абнормален студ на места каде што тоа не е вообичаено

rnЦелиот свет ги има видено фотографиите од алигаторите коишто хибернираат во мраз, како и игуаните кои се во состојба на анабиоза. Додека алигаторите се прилагодуваат на вакви драматични промени на температурата, игуаните не се отпорни на студ, па ниските температури за нив значат смрт.rn

3. Во Сахара врне снег 3 години по ред

rnИзгледа дека човештвото наскоро ќе се навикне на овој феномен кој за жал, не е нормален.rn

4. Сибирски тигар излегол од шумата во потрага по храна

rnПоради нелегалното ловење, овие тигри почнале да излегуваат на патот надевајќи се дека луѓето ќе им дадат храна. Тигрите не се единствените животни што го прават ова. Многу други прегладнети диви животни мораат да се прилагодат на овие нови услови на живеење. За жал, уништувањето на шумите и истребувањето на видовите е уште еден глобален проблем којшто му се заканува на нашиот свет.rn

5. Сечење на тропските шуми во Бразил

rnАко немањето површина за агрикултура се надоместува со сечење на шумите, наскоро ќе немаме ниту една. Доколку човештвото продолжи со ова темпо, сите шуми ќе бидат уништени до 2040-та година.rn

6. Билборд се „дави“ во смог

rnОваа фотографија е направена во Кина. Поради забрзаниот индустриски развој, 85% од луѓето на планетата дишат загаден воздух.

Продолжува на следната страница…

Популарно

Може ќе ве интересира