Ново истражување ја предизвикува теоријата за еволуција на Дарвин
Ако редовно ги следите истражувањата во областа на генетиката од минатите неколку децении, можеби сте почнале да се сомневате во Дарвиновата теорија. Едно ново масивно генетско истражување водено од Марк Стоекл од Универзитетот Рокфелер во Њујорк и Дејвид Талер од Универзитетот Басел во Швајцарија ја отвораат вратата кон нови теории за нашето потекло и механизмите зад еволуцијата на животинските видови на нашата планета.
Еволуцијата напредува преку преживување на најсилните и адаптирање на новата околина преку разни генетски мутации. Поради ова нормално е да се очекува дека видовите со поголема популација ќе станат генетски поразновидни за разлика од другите видови. Но, дали ова е точно?
Според Марк, одговорот е не. Всушност, генетската разновидност на повеќето видови на планетата е речиси иста, без разлика на нивната историја на миграција, релокација или размножување.
Најневеројатниот резултат на истражувањето е тоа дека 9 од 10 од денешните видови на Земјата, вклучувајќи ги и луѓето, настанале пред 100.000 до 200.000 години.
„Овој заклучок е навистина изненадувачки и се борев против него колку што можев“, изјавил Дејвид Талер.
Ова е против верувањето дека еволуцијата на планетата била бавна, линеарна и непрекината. Други недостатоци се појавуваат поради недостиг на физички докази. Па сега сме навистина присилени да ги гледаме нештата на нов начин.
Истражувањето се потпира на изучување на митохондриската ДНК наместо на нуклеарната.
„Сите животни имаат ДНК во нивната митохондрија, која пак е структурата во секоја клетка што ја претвора храната во енергија за клетките. Митохондријата има 37 гени, a еден од нив е познат како COI и се користи за означување на ДНК. За разлика од гените во нуклеарната ДНК кои можат многу да се разликуваат од вид до вид, сите животни имаат иста митохондриска ДНК, што е добро за споредување. Околу 2002-ра година молекуларниот биолог Пол Херберт од Канада открил начин да ги идентификува видовите анализирајќи го генот COI.“
Овој ген е сличен кај сите животни и е лесен за споредување. Од друга страна гените се доволно различни за да се прави разлика помеѓу секој вид. Со анализирање на баркодовите на 100.000 видови, истражувачите откриле знак кој покажува дека сите животни се појавиле во ист период со луѓето. Она што го забележале е недостаток на таканаречени „природни“ мутации кои се најмалите промени во ДНК низ генерациите и кои ниту ги зголемуваат ниту ги намалуваат шансите за преживување. Сличностите на овие „природни“ мутации помагаат да се одреди приближната возраст на видот.
„Популацијата, без разлика на нејзината сегашна големина или сличност со фосилите од кој било период, се проширила од митохондриската еднообразност во текот на изминатите 200.000 години. Фосилните докази од еволуцијата на цицачите во Африка укажуваат дека повеќето видови започнале со мала популација и потоа се прошириле. Анализите покажаа дека ледената доба создала услови за проширување.“
Ова значи дека некој период во минатото, не пред повеќе од 200.000 години, повеќето од животинските видови „започнале“ со митохондриски часовник наместен на нула. Постојат докази дека овие видови започнале со мала популација која подоцна се ширела. Екстремните услови како ледената доба, се одговорни за последователната експанзија.
Сценариото наликува како арката на Ное. Катаклизмична поплава ги уништува сите животни и луѓе на планетата, освен мал дел од секој вид кои почнува да се множи штом Земјата станува погодна за живот.
Но, митохондрискиот часовник на животните пред катастрофата не би бил наместен на нула. Па ова треба да се гледа како „посевање“ на видовите на планетата по катастрофата. Прашањето е кој би ги посеал. Можеби станува збор за некоја напредна вонземска раса. Денес идејата дека вонземските цивилизации имале влијание во нашата физичка, ментална и духовна еволуција е навистина распространета. Постојат и многу теории на заговор кои тврдат дека можеби постојат експерименти со цел да се забрза нашата еволуција.
Дали навистина е возможно човечката еволуција да е последица на „посевање“ од вонземска цивилизација пред речиси 200.000 години? Одговор нема, но барем некои научни докази нè тераат да размислуваме и во оваа насока.
Дознајте и кои се следните можни чекори во еволуцијата на човекот.