6 нешта што самоуверените жени ги гледаат во огледалото пред себе
Високата самоувереност има големо влијание на среќата на жената, како и на нејзината исполнетост во животот. Ова чувство на самоувереност потекнува од нашите верувања и ставови за себе и за животните искуства. Па, кога ќе се погледнете во огледало, што точно гледате? Прочитајте дали ги имате истите размислување како самоуверените жени…
1. Тие гледаат убавина во своите несовршености
Самоуверените жени ги гледаат нивните физички маани (и ги прифаќаат нивните внатрешните емоционални маани). Не само што не се плашат да ги прифатат своите несовршености, уште поважно, не дозволуваат да бидат дефинирани од нив. Тие исто така и не претпоставуваат дека неколку несовршености ги намалуваат другите атрибути што ги поседуваат. Со други зборови, лузната не стомакот не ја намалува убавината во нивните очи.
2. Тие гледаат сила и ранливост
Кога се гледаат во огледало, тие ги ценат нештата со коишто се соочиле и ги надминале, како и нивната издржливост. Да, можеби имаат потреба да ги задоволат другите. Можеби копнеат по љубов, прифаќање и одобрување. Но, научиле како да балансираат со овие нешта и својата добросостојба, па не се губат во задоволувањето на другите.
3. Тие гледаат самоувереност проследена со страв и сомнеж
Кога се гледаат во огледало, тие ја гледаат љубовта кон себе и самодовербата. Тие знаат во што се добри и си се восхитуваат на овие сили. Но, исто така тие ги гледаат и своите стравови и сомнежи. Бидејќи ги прифатиле во целост, тие очекуваат да постојат во нив, па затоа и воопшто не им делуваат застрашувачко.
4. Тие ги гледаат резултатите на сопствените избори
Самоуверените жени отворено и искрено ги прифаќаат своите избори и однесувања, без да се обвинуваат или пак, да се засрамуваат себеси. Тие ја надминале и идејата дека работата на другите луѓе е да ги направат среќни. Исто така знаат и дека секој избор што го направиле, во моментот бил најдобриот, па ги слават дури и најмалите паметни одлуки за да научат да ги разликуваат од погрешните чекори.
5. Тие гледаат срце во своите вредности
Самоуверените жени го живеат својот живот со јасна цел. Тие внимателно ги одбираат вредностите што ги водат нивните животи и потоа ги вметнуваат во секојдневието со ентузијазам. Како што стојат пред огледало, тие ја гледаат нивната цел како им се рефлектира наназад кон нив – тие живеат со оваа рефлексија и со ставот „Јас можам!“
6. Тие гледаат како нивниот дух сјае (и покрај сите потешкотии)
Самоуверените жени не ги намалуваат своите потешкотии, но исто така и не ги сфаќаат премногу сериозно. Тие знаат дека несаканите ситуации доаѓаат од сите страни, па затоа и постојано се подготвени да се справуваат со нив. Исто така, тие ги признаваат своите грешки и непријатни моменти и се смеат додека гледаат пред себе во огледалото, знаејќи дека научиле нешто од тешките моменти и пораснале.
Дознајте и кои се навиките на самоуверените жени…