Најбрзиот и најлесниот рецепт за колач со цреши
Искористете ја сезоната на црешите и пробајте го наједноставниот рецепт за вкусен колач
Потребни состојки:
- 4 јајца
- 100 милилитри јогурт
- 100 грама шеќер
- 200 грама брашно
- 2 кафени лажички прашок за печиво
- 200 грама цреши
- Лебни трошки
Начин на подготовка:
Тргнете ги гранчињата од црешите. Промешајте го брашното со прашокот за печиво и тргнете го настрана. Вклучете ја рерната на 180 степени. Во еден сад со средна големина ставете ги јајцата заедно со шеќерот, па матете додека не добиете дупло зголемена и бледожолта смеса. Во смесата можете да додадете и рака смелени бадеми за да му дадете на колачот дополнителен вкус во комбинација со црешите. Потоа додајте го маслото во смесата со јајцето и шеќерот, во неколку наврати, и нежно промешајте. На крај, додајте ја и смесата со брашното и прашокот за печиво.
Премачкајте ја тавата со масло и посипете ги лебните трошки. Потоа сипете ја и подготвената смеса и на врвот поставете ги црешите. Колачот се пече околу 40-тина минути. Имајте на ум дека рецептите со јогурт бараат повеќе време да заруменат. Колачот ќе биде готов кога ќе се одвои од тавата и ќе добие темна нијанса на златножолта боја.
Пробајте ги и овие црни шумски мини колачиња со цреши.