КАФЕ ПАУЗА

8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредил

8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредил

Изостанувањето на менструалните циклуси и ненадејното чувство на жештина во телото, не се единствените симптоми дека преминувате во фаза на менопауза. Постојат и други суптилни знаци, за коишто веројатно не сте свесни, а треба да им обратите внимание. Еве кои се тие…rn

1. Влакна на брадата

rn8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредилrnrnМалку е ироничен фактот што во текот на менопаузата, косата може да започне да ви се изретчува, а нови несакани влакна, да се појават на вашата брада, горна усна или на образите. Ова се случува поради промените во односот помеѓу андрогените и естрогените нивоа во телото. Додека нивото и на двата хормони се намалува во периодот на менопауза, тоа се случува со различна стапка на интензитет. Нивото на естроген паѓа акутно, а нивото на андроген опаѓа постепено, со текот на времето.rn

2. Прекумерно потење

rn8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредилrnrnОпаѓањето на нивото на естроген, предизвикува реакција во мозочниот дел хипоталамус, при што телото мисли дека сте прегреани и му сигнализира да се поти повеќе, за да се намали телесната температура.rn

3. Слабеење на коските

rn8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредилrnrnНамалувањето на густината на коските, настанува како резултат на опаѓањето на нивото на естроген во телото. Во текот на првите пет години од менопаузата, можете да изгубите до 20% од густината на вашите коски. Ова може да доведе до ризик од заболување од остеопороза или слабеење на коските.rn

4. Уринарна неодложност

rn8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредилrnrnСлабите мускули во долниот дел од карлицата, коишто честопати се резултат на вагиналното породување, во комбинација со тенката уретрална мембрана, предизвикана од ниското ниво на естроген, доведува до стресна уринарна инкотенција. Тоа е чувство на итност за одење по мала нужда, проблеми со воздржувањето, како и неконтролирано испуштање урина при мал напор, како кивање или кашлање.rn

5. Проблеми со помнењето

rn8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредилrnrnХормоналните промени коишто се случуваат во телото во текот на менопаузата, може да ви предизвикаат стрес и проблеми со спиењето. Тоа може да доведе до намалена концентрација и проблеми со помнењето.rn

6. Несоница

rn8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредилrnrnХормонот прогестерон има смирувачка функција, па кога неговите нивоа опаѓаат, тоа предизвикува чувство на анксиозност, којашто може да доведе до проблеми со спиењето и несоница.rn

7. Појава на нови алергии и влошување на постоечките

rn8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредилrnrnНашите хормони и имуниот систем функционираат со заеднички сили. Жените коишто поминуваат низ фаза на менопауза, се подложни на посериозни реакции предизвикани од алергиите коишто ги имаат, а може да се дојде и до појава на сосема нови алергии. Ова се случува како резултат на намалениот имун систем, којшто слабее поради природната флуктуација на хормоните, во текот на овој период од животот.rn

8. Ненадејни промени во видот

rn8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредилrnrnХормоните регулираат многу различни телесни функции, коишто можат да влијаат и врз вашите очи, па кога тие се менуваат, може да се промени и вашиот вид. Намалените хормонски нивоа кај жените во текот на менопаузата, може да предизвикаат разни промени во видот. Така на пример, некои жени може да преминат од кратковиди, во далековиди.rnrnМожеби ќе сакате да ги прочитате и овие 7 симптоми на кожата во менопауза и како да се справите со нив?