Топли цитати за новите, млади татковци

Топли цитати за новите, млади татковци

Воопшто не е лесно да се биде татко. Особено кога станува збор за промената што доаѓа со првото бебе. Сите вие што го искусувате ова за првпат, знаеме дека во моментов може да ви изгледа како најстрашното нешто на светот. Но, верувајте ни, колку повеќе ве плаши, толку повозбудливо ќе ви станува. Вие сте најважната личност во животот на тоа мало суштество што ќе ве љуби со целото свое срце. Зарем има нешто подобро од тоа?

„Добриот татко е еден од најмалку пеените, фалените и забележаните делови од нашето општество, а истовремено и еден од највредните!“ – Били Грејам

„Секој ден поминат со тебе ми е омилен ден. Па, денес ми е новиот омилен ден.“ – Непознат автор

„Тоа што те прави маж не е способноста да направиш дете, туку храброста да го израснеш.“ – Барак Обама

„Татковците се најобични мажи кои со помош на љубовта се претворени во херои, авантуристи, раскажувачи на приказни и пејачи на песни.“ – Пем Браун

„Татковството ме научи многу за безусловната љубов, ми ја зацврсти важност на возвраќањето и ме научи како да бидам подобра личност.“ – Навин Јаин

„Станувањето татко значи дека треба да бидете модел за однесување на вашиот син и човек на кој тој ќе може да се воодушевува.“ – Вејн Руни

„Единствениот начин на кој можам да го опишам татковството е крајот на филмот ‘Како Гринч го украде Божиќ’, односно моментот кога неговото срце станува пет пати поголемо! Сè е полно, сè е едноставно полно постојано.“ – Мет Дејмон

„Мојот татко ми го даде најголемиот подарок што еден човек може да го даде: Тој веруваше во мене.“ – Џим Валвано

„Да се биде татко е радост без престан.“ – Лијам Нисон

„Оние што се плашат да станат татковци не разбираат дека татковството не е нешто што само совршените мажи го прават, туку тоа е нешто што ги прави самите мажите совршени.“ – Френк Питмен

„Да се има дете е како првото заљубување на 12-годишна возраст, но таа љубов сега трае секојдневно.“ – Мајк Маерс

Прочитајте ги и овие моќни цитати коишто ја прикажуваат нераскинливата врска помеѓу таткото и ќерката!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар