КАФЕ ПАУЗА

Како побрзо да го заборавите поранешниот партнер?

Како побрзо да го заборавите поранешниот партнер

Written by

in

,

Во животот на секој човек има периоди кога мора да подголтне и да премине преку нешто. Ова особено се случува при раскинувањето на врските, период во кој секој си го покажува вистинското лице. Кога ќе ви текне колку време сте изгубиле обидувајќи се да ја вратите врската во колосек, за на крајот да сфатите дека работите изгледаат многу подобро кога би биле сами, едноставно се разочарувате. Тогаш зошто да си го трошите времето и енергијата на луѓе кои не ви влијаат добро? Но сепак, периодот после долга врска е многу тежок за оправување, па затоа треба мудро да ги донесувате одлуките, за побрзо да го пребродите.Како побрзо да го заборавите поранешниот партнерОва се 5 погрешни начини да го заборавите бившиот партнер и неколку алтернативни совети кои можат да ви помогнат.rn
rn

Без брзање

rnНајлошото нешто кое може да ви се случи после раскинување на врска, е веднаш да се впуштите во нова. Точно е дека постојат луѓе кои едноставно не можат да бидат сами, но сепак треба да почекате некое време, да си ги средите мислите и чувствата, а кога ќе се чувствувате спремни, да тргнете во поход.rnrnОдвојте време за себеси. Не дозволувајте да ве нападнат нови чувства во вашата емотивна каша. Нема потреба за брзање.rn
rn

Не чувствувајте потреба за одмазда

rnНекои луѓе сметаат дека најдобриот лек е да се врати во иста мера. Па поминувате часови и часови, праќајќи нервозни СМС-пораки или префрлајќи си сè што ќе ви дојде на ум на телефон. Да, можеби ќе ви дојде супер да ја изнесете целата нервоза од вас, но дали тоа ќе промени нешто? Само ќе си дадете уште една нова причина за вознемиреност, а вашиот поранешен партнер ќе мисли дека сè уште има големо влијание врз вас.rnrnНајдобрата солуција е да му дадете до знаење дека сте среќни без него, дури и да му простите за грешките кои ги направил.Како побрзо да го заборавите поранешниот партнерrn

Не обидувајте се да ја повторите историјата

rnЧесто се наоѓаме во ситуација кога си ги повторуваме грешките од минатото, мислејќи дека правиме нешто што е добро за нас. Сепак, на крајот повторно сме изиграни и повредени.rnrnПрестанете да ги споредувате сите останати со претходниот партнер и слободно впуштете се повторно во игра. Запомнете, никој не е ист.rn
rn

Не изолирајте се од светот

rnРаскинувањето на долга врска може да ве натера целосно да се изолирате и да не сакате да сретнете никого. Во таква ситуација, секогаш барате решение во преокупирање со работни или домашни обврски, целосно пополнувајќи си го времето, за да не ви остане миг да помислите на проблемите. Нема ништо погрешно во таквото однесување, но кога-тогаш ќе мора да се соочите со вашите чувства.rnrnНе кријте се од проблемите, туку соочете се со нив. Важно е да се борите и да продолжите здраво да си го живеете животот.Како побрзо да го заборавите поранешниот партнерrn

Заборавете на останувањето во контакт

rnМногумина сметаат дека е во ред да останат во контакт со своите поранешни партнери, без разлика за каков вид комуникација станува збор. Да, можеби не е лошо да останете пријатели, но што ќе се случи кога ќе почнат да се навраќаат спомени или кога едниот ќе продолжи да си го живее животот.rnrnВие треба да знаете што е најдобро за вас. Само имајте на ум, минатото треба да остане зад вас, целете кон иднината и гледајте само напред.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn