7-дневна детокс диета препорачана од нутриционисти

7-дневна детокс диета препорачана од нутриционисти

Целта на детокс диетите е чистење на организмот од многуте токсини. Тие најчесто се на основа на овошје, зеленчук, протеини, житарици и корисни масти. Во оваа диета првите неколку денови се состојат од 80% течности во комбинација со обилни вечери.

7-дневна детокс диета препорачана од нутриционисти

Се препорачува секој ден да го започнете со чаша млака вода со лимон за да го спречите намалувањето на шеќерот во крвта. Покрај тоа, не заборавајте секојдневно да пешачите барем по еден час. Туширајте се наизменично со топла и ладна вода.

Напомена: Оваа диета не е погодна за деца, тинејџери, постари личности, како и за жени кои се бремени или дојат.

Знаци кои вашето тело ви ги дава кога ви е потребен детокс:

  • Ви недостига енергија
  • Не можете да слабеете
  • Имате проблеми со кожата
  • Не можете да заспиете

Погледнете како изгледа планот за исхрана за 7 дена.

Ден 1

Појадок

Освежувачко смуди: Измешајте 250 милилитри кокосово млеко, 1 банана, 50 грама кељ, 80 грама замрзнати малини, 2 лажички овесни снегулки и малку цимет.

Ужина

Зингер сок: Направете сок од 1 портокал, 2 моркови, 100 грама спанаќ, половина лимон, половина лажица ѓумбир и 1 краставица.

Ручек

Зелена супа: Динстајте 1 главица лук со сок од половина лимон и 1 стапче целер. Додајте половина лажица ким, половина брокула и карфиол и малку презла и коријандер. Додајте половина конзерва грав и измешајте во блендер со 30 милилитри вода.

Ужина

Мента смуди: Измешајте 1 праска, краставица, целер, 100 грама кељ, една дланка свежо нане и половина лажица ѓумбир.

Вечера

Лосос/пилешко со зеленчук: Подгответе го лососот или пилешкото за печење во фолија. На него нанесете исечкана жолта пиперка, 1 тиквичка и 3 печурки. Додајте суви зачини и прелијте со сок од лимон. Печете на 180 степени Целзиусови, 20-тина минути. Сервирајте со 100 грама спанаќ.

Ден 2

Појадок

Протеинско смуди: Измешајте 250 милилитри бадемово млеко, 100 грама боровинки, 1 лажица протеински прашок, 2 лажици овесни снегулки и 1 лажичка масло.

Ужина

Сок од цвекло: Направете сок од 1 цвекло, 2 стапчиња целер, 2 моркови, јаболко и краставица.

Ручек

Гаспачо супа: Измешајте половина краставица, половина црвена пиперка, половина жолта пиперка, 1 главица лук, половина кромид и половина конзерва сос од домати. Мешајте додека не добиете кремаста смеса.

Ужина

Зингер сок.

Вечера

Пилешки гради: Испечете парче пилешки гради со зачини по желба и сервирајте со 100 грама грашок и 100 грама кељ.

Ден 3

Појадок

Кокосово смуди: Измешајте 80 милилитри масло од кокос, 200 милилитри кокосова вода, банана, 100 грама спанаќ, лажица ленено семе, лажица овесни снегулки и крем од кокос.

Ужина

Мента смуди.

Ручек

Зелена супа: Искористете ги остатоците од претходните денови.

Ужина

Сок од цвекло.

Вечера

Ослич: Направете маринада со половина лажица ким, цимет, куркума и кокосово масло. Прелијте го осличот и печете 15 минути на 180 степени Целзиусови. Во меѓувреме направете пире од 1 морков. Сервирајте го осличот со пирето и 100 грама кељ.

Ден 4

Појадок

Јајца: Згответе ги јајцата, препечете едно парче интегрален леб и исечкајте аспарагус подготвен на пареа.

Ужина

Две мандарини и лажица индиски ореви.

Ручек

Супа од спанаќ и леблебија: Динстајте главица лук со лимонов сок, стапче целер, половина ситно исечкан морков и пиперка, половина конзерва леблебија, 100 грама спанаќ и додајте една рака коријандер. Ставете сè во блендер со 300 милилитри вода.

Ужина

Половина авокадо и една лажица бадеми.

Вечера

Лосос/пилешко со зеленчук.

Ден 5

Појадок

Овесни снегулки: Комбинирајте 40 грама ореви и 40 грама разни семиња. Додајте 200 грама овесни снегулки, пола лажичка мускатно оревче и оставете да отстои. Сервирајте со 4 лажици боровинки и 100 милилитри бадемово млеко.

Ужина

Јаболко и лажица путер од ореви.

Ручек

Пита од морков: Изрендајте 5 големи моркови и измешајте ги со 2 лажици кокосово масло, сок од лимон и лажица чиа семе. Ставете го филот во дебела кора и печете.

Ужина

Крцкав кељ: Во тава ставете 250 грама кељ и нанесете повеќе кокосово масло. Печете во рерна на 220 степени.

Вечера

Пилешки стапчиња со пипер: Спремете ги пилешките гради со 250 грама сечкани жолти и зелени пиперки. Ставете го месото во сад и маринирајте го во растопено кокосово масло измешано со половина лажица пипер и цимет. Исечете го месото на стапчиња и печете на 180 степени. Сервирајте со салата.

Ден 6

Појадок

Кајгана на тост: Направете кајгана од 2 јајца и сервирајте ја со парче интегрален леб. Згответе 100 грама спанаќ и сервирајте го со кајганата.

Ужина

Пасирана банана намачкана на препечен интегрален леб.

Ручек

Крцкава салата: Измешајте зелена салата со 1 рендан морков, 30 грама краставица, 3-4 домати, 100 грама поточарки и 2 лажици леќа.

Ужина

Ананас и лажица индиски ореви.

Вечера

Шкампи: Гответе 100 грама шкампи со половина пакување мешано овошје. Додајте сок од лимета и лажица сос од соја. Сервирајте со 40 грама зготвена киноа.

Ден 7

Појадок

Авокадо на леб: Испасирајте едно авокадо и измешајте го со 2 ситно исечкани домати. Намачкајте на 2 парчиња интегрален леб.

Ужина

Праска и лажица бадеми.

Ручек

Тортилја: Исечкајте цвекло, половина морков и 4 домати. Ставете ги во сад со 50 грама рукола и измешајте. Ставете го зеленчукот во интегрална тортилја.

Ужина

Крцкав кељ.

Вечера

Песто ослич: Испржете го осличот со малку масло и една лажичка песто сос. Сервирајте со обарен кељ, 50 грама грашок и 1 исечкано цвекло.

Пробајте ги и овие одлични рецепти за детокс вода.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар