КАФЕ ПАУЗА

Како би изгледале кариерите на принцезите од Дизни во 2018-та година?

Како би изгледале кариерите на принцезите од Дизни во 2018-та година?

Навикнати сме да ги гледаме принцезите од Дизни како живеат под вода или со лоша маќеа. Но, постојат артисти кои ги замислуваат на различен начин. Овде спаѓа и графичкиот дизајнер Мет Бурт. Тој ги замислил принцезите како модерни жени со успешна кариера.rnrnКако би изгледале кариерите на принцезите од Дизни во 2018-та година?rn

„Имам видено многу вакви проекти, но ништо слично. За многу луѓе принцезите од Дизни се повеќе од само ликови во филм. Сакав да го направам овој проект за да ги инспирирам другите да пронајдат кариера што ја сакаат и што ќе направи некаква разлика.“

rn

1. Ана и Елса: Научници за промена на климата

rnКако би изгледале кариерите на принцезите од Дизни во 2018-та година?rn

„Елса, Ана и жителите на Арендел знаат нешто повеќе за ефектите на промената на климата. Додека нивниот пријател Олаф можеби го сака летото и сонцето, Ана и Елса знаат што значи покачувањето на температурата. Тие ги посветиле нивните кариери за да ја проучуваат климатската промена и ни даваат прецизни информации.“

rn

2. Мулан: Адвокат

rnКако би изгледале кариерите на принцезите од Дизни во 2018-та година?rn

„Откако ја искусила дискриминацијата, и приватно, и во војската, Мулан се одлучила за кариера како адвокат. Сега таа се бори за еднаквоста на универзитетските кампуси и сака мажите и жените да бидат третирани исто. Таа се залага за оние кои биле дискриминирани поради нивниот пол.“

rn

3. Мерида: Двократен олимписки натпреварувач

rnКако би изгледале кариерите на принцезите од Дизни во 2018-та година?rn

„Мерида се натпреваруваше за нејзината рака, па зошто да не се натпреварува и на Олимписките игри? Таа е искусна во јавање коњи и стреличарство, па се натпреварува на неколку настани. Веќе има добиено неколку златни медали, и се надева на уште некој на Олимписките игри во 2020-та година.“

rn

4. Јасмин: Амбасадор на ОН

rnКако би изгледале кариерите на принцезите од Дизни во 2018-та година?rn

„Јасмин отсекогаш се борела за правдата и за промената. Сега таа се залага за нејзината држава во Обединетите Нации. Нејзината главна цел е да ги заштити жените и сака да бидат третирани како што заслужуваат.“

rn

5. Покахонтас: Непрофитна организација за заштита на природата

rnКако би изгледале кариерите на принцезите од Дизни во 2018-та година?rn

„Покахонтас знае дека сите сме поврзани и сака да ја заштити природата. Таа води непрофитна организација чија цел е токму ова. Со комбинација од активизам, акција и подигнување на свеста, таа се бори за заштитата на природните ресурси.“

rn

6. Бел: Универзитетски канцелар

rnКако би изгледале кариерите на принцезите од Дизни во 2018-та година?rn

„Бел отсекогаш сакала нешто повеќе од провинциски живот. Инспирирана од нејзината љубов кон книгите и знаењето, таа отишла на факултет. Откако го добила својот докторат за образование, станала канцелар на врвен универзитет. Нејзината цел е образование достапно за сите.“

rnПродолжува на следната страница…rnrn