КАФЕ ПАУЗА

Што ве очекува овој јуни според вашиот хороскопски знак?

Што ве очекува овој јуни според вашиот хороскопски знак?

Со јуни ни пристигнува и летото. Ова е периодот кога ја ослободувате вашата душа и имате желба да истражувате. Од 20-ти мај го напуштивме тврдоглавиот Бик и ја прифатиме отвореноста на Близнаците. Кога сонцето се наоѓа во Близнаци, вие сте полни со желба да ги искажете и вашите најдлабоки мисли и да се поврзете со другите. Се појавува и апетит за ново знаење, а ќе ги покажете и карактеристиките кои најчесто ги криете.rnrnШто ве очекува овој јуни според вашиот хороскопски знак?rn

Овен

rnСо сонцето во вашата трета куќа на комуникацијата, вие сте во период на изразување. Во јуни ќе ги анализирате вашите чувства и мисли и ќе размислите дали да ги споделите со другите. Како и да е, можно е да кажете премногу, па дури и да го кажете погрешното нешто. Одвојте време навистина да размислите за вашата перспектива пред да направите нешто.rn

Бик

rnНаоѓате брзи и паметни начини да го зголемите вашето богатство. Ова е период за нови обиди и проширување на вашето резиме. Можеби ќе се чувствувате нервозно бидејќи не создавате ништо стабилно или долготрајно, но од корист ви е да откриете нови таленти и силни страни.rn

Близнаци

rnПолни сте со енергија и ова ве тера да отидете подалеку, да ги поместите границите и да работите на неколку проекти одеднаш. Можеби ќе ви биде тешко да пронајдете рамнотежа помеѓу сето ова. Ако се фокусирате на една цел, ќе ви биде многу полесно да ги средите вашите чувства.rn

Рак

rnЌе влезете длабоко во себе и ќе откриете аспекти кои се и убави и грди. Можно е да почувствувате потреба да пишување, создавање уметност или истражување на духовното. Не ѝ дозволувајте на оваа енергија да се манифестира како озборување.rn

Лав

rnСонцето е во вашата 11-та куќа на комуникациите, па подгответе се за многу нови пријателства. Ќе сретнете многу луѓе и нема премногу да им се посветувате. Негативната страна на ова е што можете да станете рамнодушни во однос на туѓите чувства, па немојте да се движите пребрзо.rn

Девица

rnОвој месец ќе бидете загрижени, но и полни со самодоверба во врска со вашиот изглед во јавноста. Со вашиот шарм и зборови ќе го подобрувате начинот на којшто ве гледаат другите. Ова е одличен период да создадете мрежа, бизнис партнерства и навистина да излезете од удобната зона. Се разбира, осигурете се дека сепак има некоја длабочина во вашите изјави.rn

Вага

rnЧувствувате огромна желба за нови информации и растење преку искажување и комуникација. Можно е да апсорбирате толку многу, што на крај ќе ги заборавите важните нешта. Запомнете дека најзначајната форма на созревање е фокусирање на едно нешто.rn

Скорпија

rnВашата осма куќа на смртта и преродувањето е осветлена од сонцето. Ова предизвикува желба да зборувате значајно и длабоко. Површните разговори нема да ви бидат важни. Ќе сакате да го трансформирате вашиот живот од секој аспект. Немојте да заборавите на забавата во целата сериозност.rn

Стрелец

rnЌе сакате да создавате детинести и забавни конекции. Вашите врски ќе се зајакнат благодарение на комуникацијата и слободното изразување. Сепак, на поврзаноста ѝ е потребно повеќе од зборови. Потрудете се намерите зад нив да бидат длабоки колку што изгледаат.rn

Јарец

rnОвој месец вашите ментални способности се посилни од кога било. Можеби ќе забележите дека сте инспирирани од неверојатни идеи на работното место, а предизвиците ќе ги надминувате паметно. Сепак вашата голема желба за изразување може да ве оттргне од завршувањето на работата. Немојте да заостанувате.rn

Водолија

rnСега сте во период на забава и креативност. Повторно сте во допир со вашето внатрешно дете. Ќе сакате да го истражите светот и да ја пуштите вашата фантазија слободно. Можеби ќе ви биде тешко да сфатите на кои инстинкти да им верувате. Запомнете да си простите кога премногу ќе се забавувате.rn

Риби

rnСонцето е во вашата четврта куќа на семејството, па вашите грижи ќе бидат поврзани со домашните. Можно е да чувствувате желба да ја кажете вистината на саканите, но тоа може да не се одвива по планот. Сепак, овој разговор може да ве зближи со семејството како никогаш досега, сè додека зборувате со сочувство и разбирање.rnrnДознајте и каде треба да отпатувате ова лето според вашиот хороскопски знак.