КАФЕ ПАУЗА

10 идеи за летен одмор покрај најубавите европски езера

10 идеи за летен одмор покрај езерата во Европа

Летото е дел од годината кога сите посакуваме да поминеме барем 7 дена покрај вода, а има и зошто е тоа така. Животот покрај езеро или море изгледа доста побезгрижен отколку низ улиците на големите градови. Европа располага со голем број езера покрај кои секој турист може да ужива и да го пронајде својот внатрешен мир. Едно од најпопуларните езера на континентот се наоѓа во нашата држава. Погледнете каде сè може да одморите ова лето и изберете ја дестинацијата која најмногу ви одговара:rn

1. Езерото Комо во Италија

rn10 идеи за летен одмор покрај езерата во ЕвропаrnrnИталијанските езера се одличен избор за да се запознае Европа. Езерото Комо важи за едно од најфотогеничните, а својата популарност ја задржало уште од дамнешните римски времиња, па сè до денеска.rn

2. Езерото Гарда во Италија

rn10 идеи за летен одмор покрај езерата во ЕвропаrnrnОва е најголемото глечерско езеро во Италија, а прекрасниот видик го надополнува и планинскиот венец на Доломитите. Освен што е популарно меѓу оние кои сакаат одмор покрај езеро, го обожаваат и велосипедистите кои возат долж брегот.rn

3. Езерото Маџоре во Италија

rn10 идеи за летен одмор покрај езерата во ЕвропаrnrnОва езеро се протега меѓу Италија и Швајцарија, а било инспирација и за популарниот Ернест Хемингвеј. Според туристите, вистинската магија на езерото може да се почувствува најмногу од швајцарската страна.rn

4. Женевското Езеро во Швајцарија

rn10 идеи за летен одмор покрај езерата во ЕвропаrnrnШвајцарија е земја богата со повеќе езера, а Женевското го дели и со Франција. Иако природата е прекрасна, локалните жители ретко го користат неговиот потенцијал за одмор и релаксација.rn

5. Езерото Луцерн во Швајцарија

rn10 идеи за летен одмор покрај езерата во ЕвропаrnrnОва езеро се наоѓа на околу 50 километри јужно од Цирих и може да се стигне и со специјалните железнички линии. Луцерн со целата своја површина припаѓа само на Швајцарија.rn

6. Бледското Езеро во Словенија

rn10 идеи за летен одмор покрај езерата во ЕвропаrnrnБледското Езеро е еден од најубавите бисери на Словенија. Во центарот на езерото се наоѓа црква, а природата наоколу придонесува глетката да изгледа како да е излезена од разгледница.rn

7. Езерото Саима во Финска

rn10 идеи за летен одмор покрај езерата во ЕвропаrnrnОва е едно од илјадниците езера на територија на Финска, која уште е позната и како „земјата на илјада езера“. Опкружено е со прекрасна зелена шума, а одличен избор е и за летен и за зимски одмор.rn

8. Скадарското Езеро во Црна Гора и Албанија

rn10 идеи за летен одмор покрај езерата во ЕвропаrnrnОва езеро се наоѓа на границата помеѓу Црна Гора и Албанија и е дом на многу ендемични видови животни и растенија. Туристите тука можат да уживаат во својот одмор, но и да се посветат на кајакарење.rn

9. Езерото Врана во Хрватска

rn10 идеи за летен одмор покрај езерата во ЕвропаrnrnИако Хрватска е најпозната по брегот на Јадранското Море, езерото Врана е една исто така позната дестинација која е оддалечена од познатите плажи. Се наоѓа на околу 30 километри југоисточно од Задар, а туристите можат да се сончаат и капат исто како и на морскиот брег.rn

10. Охридско Езеро во Македонија

rn10 идеи за летен одмор покрај езерата во ЕвропаrnrnНајголемиот дел од Охридското Езеро се наоѓа на територијата на Македонија, каде се сместени и најубавите туристички капацитети на самиот брег. Најпознати градови се Охрид и Струга, кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите од Европа.rnrnДознајте и кое е најчистото езеро во светот.