КАФЕ ПАУЗА

Ако потврдно одговорите на кое било од овие прашања, имате висока емоционална интелигенција

Ако потврдно одговорите на кое било од овие прашања, емотивно сте поинтелигентни од што мислите

Written by

in

,

Емоционалната интелигенција е многу популарна тема и таа е еден од најпотребните квалитети за една личност да се развива на лично и професионално поле. Кога е во прашање работното место, работниците, кои покрај ментална, покажуваат и емоционална интелигенција, се многу попродуктивни при завршување на своите обврски, но и исто така се и попријатни колеги.rnrnАко потврдно одговорите на кое било од овие прашања, емотивно сте поинтелигентни од што мислитеrnrnЕмоционално интелигентната личност умее да биде одличен член на тим, лесно споделува идеи и е отворена за идеите на другите. Исто така, доколку работата е поврзана со директни услуги за клиенти, овие личности покажуваат поголем успех во исполнување на задачите, а лесно прифаќаат и промени. Од друга страна пак, прифаќаат критика и ја користат на конструктивен начин, додека истовремено и сочувствуваат и сакаат да им помогнат на колегите кои поради некоја причина не можат ефикасно да ја завршат задачата. Се грижат за репутацијата на тимот и го подобруваат моралниот впечаток.rnrnЛичноста која има висок коефициент на емоционална интелигенција полесно се спријателува и е поотворена кон колегите, а во исто време ги запазува и сите крајни рокови, така што нејзината работа нема потреба од микроменаџирање. Таа, едноставно, знае да даде приоритет на вистинската задача, во вистинскиот момент. Најважна карактеристика е што секогаш ќе најде начин да се мотивира себеси, да ги зголемува амбициите разумно, да презема иницијатива и да ги зграпчува можностите.rnrnАко потврдно одговорите на кое било од овие прашања, емотивно сте поинтелигентни од што мислитеrnrnСо помош на овие осум прашања, откријте дали и вие поседувате висока емоционална интелигенција. Доволно е да одговорите потврдно барем на едно од нив.rnrn1. Дали вообичаено сте свесни за своите чувства и зошто нешто чувствувате?rnrn2. Дали сте свесни за своите ограничувања, но и за силните страни?rnrn3. Дали успевате да се справите добро со своите емоции?rnrn4. Дали лесно прифаќате промени?rnrn5. Дали сте фокусирани на своите главни цели, но и на секој чекор кој ќе ве одведе дотаму?rnrn6. Дали сочувствувате со луѓето со кои комуницирате и го разбирате нивниот начин на доживување на нештата?rnrn7. Дали сте способни да водите преговори кон задоволителен договор?rnrn8. Дали умеете ефективно да ја искористите својата способност за да насочите конструктивно нечие однесување?rnrnПрочитајте ги и овие 5 совети за подобрување на емоционалната интелигенција.