Вежбите за дишење докажано помагаат во правилниот развој на органите за дишење, а корисни се и за чистење на организмот од штетните токсини од пушењето. Двете вежби во продолжение се навистина едноставни. Одберете ја онаа што ви одговара најмногу и правете ја секое утро и во текот на денот кога ќе почувствувате потреба за цигара.
rn
Прва вежба
rnКога ќе почувствувате потреба за цигара, излезете на свеж воздух.rn
- rn 011
- Исправете се и опуштете се.
- Вдишете длабоко, задржете го воздухот 3 до 5 секунди.
- Бавно издишете.
- По издишувањето почекајте 3 до 5 секунди и вдишете повторно.
- Повторете 10 пати.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnПо завршувањето на вежбата можете да почувствувате мала вртоглавица поради заситеност на мозокот со кислород. Резултатот е намалена желба за пушење која ќе трае подолго време.rn
Втора вежба
rnПравете ја оваа вежба секогаш кога ќе почувствувате желба за пушење.rn
- rn 011
- Бавно вдишете го воздухот, а издишете побрзо.
- Почнете ја вежбата бавно и постепено забрзувајте го темпото.
- Во еден циклус направете 30 вдишувања и издишувања.
- По секој циклус направете одмор од 1 минута.
- За најдобри резултати, направете 5 до 6 циклуси.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnСо текот на времето ќе забележите дека не размислувате толку често за цигари.
Кога ги правите овие едноставни вежби, вашите бели дробови го добиваат потребното количество кислород. Нивната недоволна вентилација го намалува бројот на респираторни движења во минута. Покрај тоа, абдоминалните органи добиваат нежна масажа благодарение на ритмичките движења на дијафрагмата.
Ако овие вежби не се за вас, погледнете како да се откажете од пушењето со медитација.

