Старите души се луѓе со посебен карактер. Тие ги чувствуваат емоциите многу поинтензивно од другите и имаат неверојатна моќ на исцелување. Иако секогаш можат да им помогнат на другите, понекогаш не можат да си помогнат самите. За нив може да биде вистински предизвик да пронајдат вистинска љубов, а ова се причините за тоа.rnrn
rn
1. Свесни се за својот идентитет
rnОвие луѓе знаат кои се и точно знаат што сакаат, а што не кај партнерот. Иако ова е добра особина која им помага мудро да донесуваат одлуки, од друга страна драстично им ги намалува можностите.rn
2. Нивната интуиција може да им ја уништи врската
rnБидејќи се склони кон претерано размислување, нивната способност за грижа и претпоставки може да ја уништи врската која не е многу стабилна.rn
3. Имаат проблеми со сродните души
rnОвие луѓе се приврзани за личности кои не се нивните сродни души. Тие формираат врски со луѓе од кои треба да учат и созреваат.rn
4. Често имаат некоја поголема цел
rnОвие луѓе треба да постигнат многу пред да ја пронајдат вистинската љубов. Ако прерано ја пронајдат својата сродна душа нема да можат да ги исполнат своите важни обврски.rn
5. Не прифаќаат ништо помалку од сродна душа
rnНа овие луѓе им е потребно нешто повеќе од „површна“ врска. Тие нема да прифатат ништо помалку од сродна душа, па и по цена да останат сами.rn
6. Многу луѓе им даваат страст, а малку компатибилност
rnБидејќи нивните емоции се поинтензивни, а другите се фасцинирани од нив, на овие луѓе им е лесно да најдат страст. Но, кога станува збор за најдобар пријател или љубовник, потрагата може да биде потешка.rn
7. Ретко среќаваат луѓе на „модерен“ начин
rnИако немаат ништо против онлајн состанувањето, ова за нив не е природно. Исто така не им е наједноставно да пронајдат некој во бар или да отидат на слеп состанок.rn
8. Привлекуваат луѓе на кои им е потребна помош а не љубов
rnПричината за ова е нивната исцелителна моќ. За старите души нема ништо подобро од тоа да му помогнат некого. Сепак, потребно е да сфатат дека им е потребен партнер а не ученик.rn
9. Не сакаат игри
rnСостанувањето е навистина исцрпувачко за старите души. Глумењето за време на првите состаноци не е во нивната природа и самото заведување им е повеќе заморно отколку забавно.rn
10. Имаат високи стандарди
rnТие очекуваат премногу од себе, па очекуваат и премногу од нивните партнери. Иако ова е добро, сепак треба да ја контролираат оваа особина. Подобро е да ги прифатат недостатоците на партнерот отколку да се откажат од него бидејќи не е совршен.rn
11. Проблеми од минатото
rnОвие луѓе се справувале со многу работи, морале да созреат и се соочиле го голем број предизвици. Сепак, нерешените проблеми од минатото можат повторно да се манифестираат во новите врски.rn
12. Се плашат со истиот интензитет со којшто љубат
rnИнтензитетот со којшто љубат е пропорционален со стравот од тоа да го изгубат партнерот. Тие не само што љубат интензивно, туку на истиот начин ја чувствуваат секоја емоција. Понекогаш ова им стои на патот до добрите работи што ги чекаат во животот.rnrnДознајте и зошто старите души не се прифатени од семејството и пријателите.
