Афирмациите се реченици кои во нас го засадуваат семето на позитивната енергија и ни помагаат да ги промениме своите гледишта и уверувања. Тие помагаат да се чувствуваме заштитено од несигурноста, анксиозноста и стравот. Секоја од следните афирмации можете да ја изговарате кога сте вознемирени, кога чувствувате потреба од заштита, но и како ритуал за приземјување.rnrn
rnrn1. Јас сум вкоренета во својата вистина.rnrn2. Јас сум приземна и лесно се прилагодувам на секоја ситуација.rnrn3. Јас сум заштитена и безбедна.rnrn4. Се прилагодувам на животот без напори.rnrn5. Им дозволувам на телото и умот да се развиваат согласно со циклусите во животот.rnrn
rnrn6. Јас сум едно со своите тело, дух, срце и ум.rnrn7. Можам да ја преживеам секоја бура.rnrn8. Јас сум смирена, концентрирана и спокојна.rnrn9. Ги испуштам своите стравови и знам дека секогаш сум безбедна.rnrn10. Ја ослободувам својата енергија од сè што е штетно за мене.rn
rnrn11. Заслужувам да се чувствувам безбедно.rnrn12. Ги поздравувам рамнотежата и благосостојбата на мојот живот.rnrn13. Мојот дом е моето засолниште.rnrn14. За сè што сакам, наоѓам начин да го добијам.rnrn15. Јас сум благословена и сакана. Јас сум безбедна.rnrnПрочитајте ги и овие 8 начини како утрото да го направите порелаксирано.
Позитивни афирмации за стабилност и заштита
