Драги жени, дозволено ви е...

Драги жени, дозволено ви е…

Драги жени, дозволено ви е да ви недостига, сè додека вашето срце не реши да престане да копнее по него. Дозволено ви е да се чувствувате неудобно во својата кожа. Дозволено ви е и да ги чувствувате сите емоции што ќе ве обземат.

Дозволено ви е да не знаете сè, да правите грешки и да учите на потешкиот начин. Дозволено ви е да не бидете во ред, да останете во кревет и да го исклучите телефонот во текот на целиот ден, ако токму тоа ѝ е потребно на вашата душа.

Дозволено ви е одвреме-навреме да си дадете дозвола да не правите ништо, да изедете премногу колачиња, да гледате серии… Дозволено ви е и да побарате помош, да се предадете и да си одвоите доволно време за заздравување.

Дозволено ви е да имате сопствен глас и гласно да говорите, дури и кога гласот ви трепери. Дозволено ви е да престанете да се казнувате себеси, да си опростите и да си бидете најдобриот пријател и најголемиот фан.

Дозволено ви е да се ослободите, да се оттргнете од сите токсични нешта, врски и места во вашиот живот, како и од старите, негативни верувања и минати болки што ве задржуваат наназад. Дозволено ви е да носите што и да посакате.

Драги жени, дозволено ви е да се дефинирате себеси, да го најдете вашето значење за тоа што значи да се биде жена, мајка, пријателка и партнерка. Вие самите одлучувате и што значи да се биде добро човечко суштество на оваа планета.

Дозволено ви е сами да ги одберете личностите што вие ги сметате за семејство. Дозволено ви е да одберете со кого сакате да го минувате своето време и како да им помагате на луѓето во вашиот живот.

Дозволено ви е и самите да дефинирате што значи да се биде бестрашна жена, да се има верба и доверба во моќ поголема од самите себе. Дозволено ви е и да се сакате себеси во целост, дури и кога се чувствувате скршено.

Дозволено ви е да се чувствувате прекрасно, секси и вредно. Дозволено ви е да бидете интелигентни, амбициозни и итри. Дозволено ви е и да бидете возбудени, да уживате во сексот и да можете да кажете да, но и не.

Дозволено ви е и да одлучите што точно посакува вашето срце. Дали сакате да бидете мајка, сопруга или нешто сосема друго. Дозволено вие да одлучите и како ќе си ги исполните сопствените денови што го сочинуваат вашиот живот.

Дозволено ви е да бидете жените што навистина сте!

Драги жени, вие исто така сте и убави и никогаш не дозволувајте некој да ве убеди во спротивното!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар