Ваквите кризи, познати уште и како кризи на 20-тите и 30-тите, односно криза на четвртина животен век, се случуваат речиси на секого и се сосема нормални. Овие кризи може да се случат во периодот откако ќе наполните 20 години, па сè додека да навршите 30, а се однесуваат на вашите избори, одлуки и постапки. Доброто во тоа е што од ваквата криза ќе извлечете многу важни животни лекции.
rn
1. Се прашувате дали правилно ја избравте професијата
rnВо текот на овој животен период може да се случи да смените и неколку работни места и пак да не бидете задоволни од она што го правите. Во вакви случаи, најдобро е да не гледате како преку работата да влијаете врз светот. Најдобро е да ги вршите задачите, а ако сакате да смените нешто, посветете се на вонработни активности.rn
2. Вашите пријатели стапуваат во брак и имаат деца
rnСите ваши блиски веќе формираа свои семејства, но вам не ви паѓа ниту на крај на памет. Ако почнете да се запрашувате што не е во ред со вас, сетете се дека сè е во ред и дека не сите го избираме истиот редослед на настани во животот.rn
3. Сфаќате дека вашите родители остареле
rnЕдна од најтешките вистини со кои треба да се помириме, а тоа не оди баш лесно, е дека нашите родители стареат. Иако сигурно вашето срце се крши од помислата дека веќе не се семоќните мама и тато, ова е природен процес од кој нема враќање.rn
4. Некои пријатели едноставно не сакаат веќе да се дружите
rnЛуѓето се менуваат, а исто и вие. Не треба да се обесхрабрувате доколку некој го ограничил или прекинал контактот со вас. Во суштина, ако погледнете подобро, сигурно и вие сте прекинале контакт со некого, особено ако се работи за краткотрајни односи од средношколските или студентските денови.
rn
5. Споредувате што вашите родители направиле на ваша возраст, а што правите вие
rnВашиот татко имал веќе изградена кариера и плата со која одгледувал семејство, а вие едвај преживувате и ништо не штедите? Секако, времињата се сменети од многу аспекти и тоа не треба да ве обесхрабрува.rn
6. Вашите избори се сосема различни од оние на вашите пријатели
rnИзбравте да се преселите во друг град, да учите друг странски јазик или да работите специфична професија? Во тој случај, доколку сте задоволни од тоа што го правите, не треба да ве обесхрабрува тоа што повеќето ваши пријатели се во родниот град и се дружат на кафиња, додека вие ги остварувате своите соништа.rn
7. Вашиот дом се менува
rnСе враќате дома по неколку месеци и сфаќате дека таму животот продолжил, но и се прилагодил на вашето отсуство. Немојте да се чудите доколку вашите браќа или сестри веќе ја користат вашата полица во плакарот или пак, родителите одлучиле да променат нешто дома и вие дознавате кога доаѓате.rn
8. Вие, всушност, немате дом
rnОд студентските денови се селите во домови, во нови станови, под кирија, менувате локации, се навикнувате, па потоа повторно се селите… Доколку и работата ви е далеку од дома, тогаш таквото селење продолжува, па во даден момент ќе се почувствувате како да не знаете каде е вашиот дом. Секако, додека да формирате свој, вашиот дом е кај што ви е семејството, но дури и тоа губи дел од значењето во периодот кога интензивно се селите.
rn
9. Вашето тело веќе не е истото
rnНекогаш можевте да изедете цела пица во 3 часот по полноќ, а сега дури и лесна салата изедена во 20 часот ви го нарушува сонот. И ова е еден од неизбежните процеси на станување возрасна личност, па на тоа треба да ги прилагодите и вашите навики.rn
10. Организмот веќе не ви „држи“ алкохол
rnНекогаш успевавте да пиете евтин алкохол во големи количини, да се наспиете и со истото темпо да продолжите и следниот ден. Сега, пак, повнимателно ја избирате пијачката и знаете колку вашиот организам може да поднесе. Ако претерате, следните неколку дена се чувствувате како да сте на смртна постела.rn
11. Сфаќате дека вработувањето не е гаранција за стабилност
rnЦелиот живот ве учеа дека по образование, следи работа. Исто така, имавте и примери дома, од родителите кои до пензија остануваат на првото работно место. Но, нештата денеска се многу сменети, најпрво поради простата поделба на државен и приватен сектор, договорите на определено време и стресот на самото работно место.rn
12. Стравот да запознаете некого со вашите родители е реален
rnКога бевте млади, имавте симпатии или краткотрајни врски, а партнерите често беа кај вас дома или пак, вие кај нив и воопшто не се грижевте или плашевте од тоа. Сега, на оваа возраст, врските најчесто водат кон нешто сериозно, а вие, наместо да знаете што сакате, сте сè понесигурни и понесигурни.
Прочитајте ги и овие 5 знаци дека минувате низ криза на идентитетот.

