Секој хороскопски знак си има одредени карактеристики според кои се разликува од останатите. Некои сакаат да бидат победници по секоја цена, а некои се обесхрабруваат кога губат. Во текот на животот се среќаваме со најразлични претставници на хороскопските знаци, а сигурно сте забележале дека некои, уште во детството, се истакнувале со изразена желба да бидат победници, додека пак други го прават тоа без особено да се трудат.rnrn
rnrnГубитникот-плачко е личност која губи или затоа што самата не е доволно добра или пак, затоа што противникот е многу поспособен, но наместо да се обиде следниот пат да биде подобар, тој одбира да плаче, да се жали за тоа и да ги обвинува другите. Поради тоа, таквите луѓе не се секогаш пожелно друштво, а многу често ни самите не се свесни дека се однесуваат неприфатливо. Ова се хороскопските знаци подредени по ред според тоа колкави плачковци се:rn
1. Овен
rnОвните не само што живеат за да се натпреваруваат, туку тие и секогаш се победници. Луѓето навистина треба да размислат добро дали да ве предизвикаат, но вие и самите знаете дека победничкиот исход не е загарантиран. Во случај да изгубите, нема полош плачко од вас.rn
2. Јарец
rnКога губат, тие никогаш не простуваат и никогаш не забораваат, дури и ако тоа значи доживотно да бидат исполнети со гнев и горчина кон оној кој ги победил. Сето тоа е последица на нивната тврдоглавост.rn
3. Лав
rnЗа Лавот веќе сите знаеме дека сака рефлекторите да се вперени кон него, а победите за овој знак се секогаш очекувани. Но, кога губи, тоа воопшто не е пријатна глетка и му треба многу време за да се помири со реалноста и да прифати дека не може ништо да промени.rn
4. Бик
rnВие сте тврдоглави колку што сте и трпеливи. Секоја компликација, како што е губењето, прави да се чувствувате несигурни и да го барате проблемот во себе. Вашата тврдоглава природа придонесува долго време да размислувате на таа тема и да се прашувате што може да промените, што ве прави губитник-плачко.rnrn
rn
5. Рак
rnВие сте многу емотивен хороскопски знак и лесно можете да се почувствувате лошо кога нешто негативно се случува околу вас. Но, сфаќањето на нештата премногу лично не помага. Иако не сте меѓу најголемите плачковци во хороскопот, кога „кенкате“ поради губење, тоа може да биде навистина погубно за вас.rn
6. Риби
rnТие можат да бидат пријателски настроени, но кога нештата не се по нивно, се доживуваат себеси како жртви. Затоа, треба да поработите на начинот на кој покажувате како се чувствувате, бидејќи по природа генерално не сте плачковци.rn
7. Стрелец
rnПостигнувањето на целите е важно за вас и затоа сте способни да направите сè за тоа да се случи. Иако изгледате како да имате карактеристики на плачковци, благодарение на оптимизмот и смислата за хумор воопшто не си дозволувате да се доведете во таква ситуација. Исто така, знаете и дека секогаш ќе имате шанса во иднина да докажете дека знаете да победувате.rn
8. Скорпија
rnВие ги сакате предизвиците и сакате да победувате, но сосема сте во ред и ако тоа не се случи. За вас се важни фактите и вистината и вие никогаш нема да обвините некого ниту да барате оправдување затоа што сте изгубиле во некоја ситуација.rnrn
rn
9. Девица
rnВашата личност е аналитичка и насочена кон детали, што ви помага да излезете на крај со себе ако не победите во некоја ситуација. Наместо да се жалите, вие решавате да ја зграбите следната шанса и да станете уште подобри од претходно.rn
10. Водолија
rnЗнаете да бидете импулсивни, но исто така имате и способност да решавате проблеми и да мислите подлабоко. Ако изгубите, секогаш ќе најдете начин да го решите проблемот следниот пат. Вие не сте губитници!rn
11. Близнаци
rnВие сте знак кој може да се прилагоди и да ја прифати секоја ситуација, дури и ако тоа значи да примите и неколку удари еден по друг. Кога губите, тоа лесно го прифаќате и успевате да продолжите понатаму.rn
12. Вага
rnВагите се најмирните, најсмирените и најдипломатски настроените претставници на Зодијакот. Дури и кога губат, успеваат да се помират уште истиот ден, затоа што за нив е сосема во ред да прифатат дека не секогаш можат да бидат победници. Поради ова, се наоѓаат на последната позиција на оваа листа.rnrnПрочитајте и како хороскопските знаци ја изразуваат својата тага.