Базирано на романите за Патрик Мелроуз од Едвард Сент Обин
rn
Главни улоги: Бенедикт Камбербач, Џенифер Џејсон Леи, Себастијан МалтсrnrnЖанр: драмаrnrnКреатор: Дејвид НиколсrnrnПремиера: 13 мај 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=JQh36eStMqkrnrnДејството се врти околу турбулентниот живот на Патрик Мелроуз (Бенедикт Камбербач). Тој е средновековен маж, што живее од ден за ден, обидувајќи се да разбере која зависност ќе му помогне да се справи подобро со животот. Дрогата, цигарите и алкохолот се само дел од техниките за справување што секојдневно ги користи. Но, со оглед на тоа какво било неговото детство, овој животен стил воопшто не треба да ве изненадува. Неговиот татко ги злоупотребувал сите луѓе околу себе, а неговата мајка бегала од животот со помош на сите можни пороци.rnrn
rnrnУште во првите неколку минути ќе дојдете до истиот заклучок како и ние – Камбербач е роден за оваа улога! Всушност, слободно можеме да кажеме дека не постои улога што овој актер не би можел да ја одигра до совршенство. Започнувајќи од Шерлок Холмс, па сè до Доктор Стрејнџ, тој е едноставно брилијантен. Но, овој пат, се надминува себеси. Тој покажува неверојатен спектар на емоции, нешто што со сигурност би можеле да го видиме и во реалноста кај личност што се обидува да се справи со своето пеколно детство и да се одвои себеси од каква била човечка интимност.rnrn
rnrnИ покрај тоа што секоја епизода има своја тема, заедно тие се како прекрасна симфонија што предизвикува неизмерно задоволство кај својата публика. На кратко, оваа ТВ серија е еден од најдобрите избори за гледање во моментов. Од глумењето, пишувањето, режисерството, па дури и самото снимање, ништо друго во моментов не го достигнува нејзиниот квалитет. Ретко имаме можност да сведочиме на вакво дело, па затоа и дефинитивно не смееме да го пропуштиме кога ќе се случи!rnrn