9 ненормални типови љубовни врски: Дали вашата спаѓа во нив?
Некои парови едноставно сакаат да ги комплицираат работите. Во денешно време, спектарот помеѓу тоа да се биде „во врска“ и „сингл“ е поширок од кога било претходно. Откријте кои се 9-те нездрави и токсични типови љубовни врски и дали можеби вие се наоѓате во некоја таква.
1. Поранешниот партнер со којшто сè уште повремено се „плеткате“
Вие двајца сте биле навикнати да бидете постојано заедно, па сè уште не можете сосема да се откажете еден од друг. Не сакате веќе да бидете во љубовна врска, сте раскинале со добра причина, но секојпат кога се чувствувате осамено, сè уште чувствувате хемија и привлечност меѓу вас и се договарате да се дружите. Иако, ова не е најздравиот начин да се стави крај на една љубовна врска, барем сте во добри односи, додека не дојде некој следен партнер.
2. „Те сакам, но се плашам да ти го признам тоа“
Вие двајца сте тотално „луди“ еден за друг и сите околу вас тоа го забележуваат, освен вие двајца. Едноставно, премногу сте преплашени да му ги признаете на партнерот вашите искрени емоции, како и тој на вас. Наместо тоа, се преправате дека сте потполно рамнодушни и вечно го одложувате движењето на работите на повисоко ниво.
3. Повик за помош
Единствено се слушате, кога на некој од вас му е потребна малку акција. Вие двајца не сте компатибилни по ниеден основ и не ви ни паѓа на памет да комуницирате, за нешто повеќе од дружење. Можеби ни за дружба не ви е идеалниот кандидат, меѓутоа помеѓу другите опции коишто ги имате на располагање, тој/таа е најмалото зло.
4. Сродна душа од „Тиндер“
Иако апликацијата „Тиндер“ не ја користите многу одамна, сепак таму сте запознале фраер/фраерка кој/а што со еден збор, е совршен/а! Веќе со недели разговарате преку чет секоја вечер, постојано ве засмејува и забавува и навистина уживате во неговото/нејзиното виртуелно друштво. Единствениот проблем, се состои во тоа што очигледно и на двајцата ви недостасува храброст да ја пренесете „врската“ во реалниот живот, зошто поудобно и побезбедно ви е вака.
5. „Моментално не сакам да сум во врска, ама не сакам да се гледаш со други“
Ова е една од најбесмислените лажни врски коишто постојат. Тој јасно ви дал до знаење дека не е заинтересиран за врска, но запаѓа во лошо расположение, секојпат кога вие ќе спомнете некој друг. Имајте на ум, дека последно нешто што ви е потребно, е фраер којшто со месеци и години ќе го чекате да се одлучи што сака, додека во светот постојат безброј други, коишто би „убиле“ за да бидат во врска со вас.
6. Пријатели кои повремено се нешто повеќе
Не сакате да сте во врска, но вашето пријателство е толку силно и неверојатно многу ви значи. Но, иако би сакале да е поинаку, вие едноставно не можете да го доживеете како фраер со којшто би биле во врска. Но, од друга страна, повремено го доживувате како совршено соодветно друштво, за разубавување на осамените ноќи.
7. Врска за којашто „не се грижите“
Вие сте во врска, но поради некои причини, коишто само вие ги знаете, вам не ви е толку грижа за таа личност. Ниеден од вас, не сака да делува премногу посветено и заљубено, па и двајцата глумите дека сте рамнодушни ледени брегови, а во реалноста сте всушност врели гејзири, на коишто и тоа како им е грижа еден за друг.
8. Вие само сакате да „разговарате“ и ништо повеќе
Вие сте биле излезени на неколку состаноци со различни луѓе коишто ви се допаѓаат, но и понатаму немате претстава што тие точно мислат за вас. Додека не решите вие да смислите и не се одлучите за некој од нив, само продолжувате да разговарате со потенцијалните кандидати, без да правите ништо посериозно од тоа.
9. Вие сте најдобрите пријатели на светот
Вие сте најдобри другари, веќе години наназад и сè правите заедно. Нити вам, нити на пријателот, не ви ни паѓа на памет дека можете да бидете заедно како пар и никогаш досега не сте ни допреле. Од друга страна, и двајцата насамо полудувате од љубомора, кога ќе чуете дека тој/таа запознал/а некоја друга личност.
Може да ве интересираат и овие 3-те видови љубов што сите ќе ги искусат во текот на животот.