Секој човек тежнее да биде здрав, среќен, успешен и исполнет на сите полиња од животот. Но, за жал, животот не е баш розов, туку е црно-бел, а тоа значи дека со подемите и падовите коишто ни се случуваат, сосема е нормално да чувствуваме и позитивни и негативни емоции. Впрочем, животот може единствено да биде комплетен и прекрасен, само доколку знаеме да ги препознаеме и цениме и убавите и лошите моменти, да учиме од нив и постојано да растеме и да одиме напред.
Токму негативните искуства и емоциите придружени од нив, нè учат подобро да се запознаеме себеси, да сфатиме кон што се стремиме во животот, како да ги надминеме бурите и да го очекуваме новото изгревање на Сонцето.
Продолжете да читате и откријте ја тајната порака на овие 9 негативни емоции и што тие се обидуваат да ве научат за вашата моментална психолошка состојба. Наместо да ги мразите тие чувства и да им се спротивставувате, прифатете ги и дознајте на што сакаат да ви укажат.rn
1. Горчина
rnОваа емоција ви покажува дека морате да закрепнете од нешто и дека сè уште имате некакви предрасуди за другите луѓе и за себе.rn
2. Лутина
rnОваа емоција покажува дека сè уште живеете во минатото и не ѝ дозволувате на сегашноста да биде она што треба да биде.rn
3. Неспокој
rnОва чувство ви покажува дека треба да обрнете внимание на она што ви се случува во моментот, бидејќи дадена ви е шанса за промена, да направите нешто различно од она што вообичаено го правите.rn
4. Гнев
rnГневот ви кажува за што сте страсни, каде се вашите граници и што сметате дека е неопходно да се промени во овој свет.rn
5. Разочарување
rnЧувството на разочараност, ви покажува дека сте се обиделе да промените нешто без да постигнете успех. Сè уште не сте рамнодушни за тоа и многу ви е важно.rn
6. Вина
rnОваа емоција покажува дека сè уште живеете според очекувањата на другите и тоа што тие сметаат дека треба или не треба да го направите.rn
7. Срам
rnЧувството на срам ви покажува дека го присвојувате мислењето на другите луѓе, за тоа какви треба да бидете (или какви сте моментално). Воедно, оваа емоција се обидува да ви укаже дека одново треба да се поврзете со самите себе.rn
8. Анксиозност
rnОваа комплексна состојба, се обидува да ви укаже дека треба веднаш да се пробудите, да бидете присутни во сегашниот миг, да се „одглавите“ од минатото и да престанете да се плашите од она што го носи иднината.rn
9. Тага
rnТагата ја опишува длабочината на вашата емотивност и покажува дека многу се грижите за другите луѓе и за светот околу вас.
Прочитајте и како да научите да ги сакате и вашите негативни емоции?

