7 големи промени што ќе се случат со влегувањето на Уран во Бик
Овој месец ќе настане голема промена која почнува на 15-ти мај. Додека Уран беше во Овен, луѓето се чувствуваа охрабрено да истапат напред и да преземат контрола над нивните животи. Но наскоро вашата идеја за стабилност може да се промени. Овој период кој започнува наредната недела ќе трае сè до 2026-та година. Погледнете кои се промените што можете да ги очекувате.
1. Земјата ќе биде нестабилна
Вулканот Килауеа на Хаваите веќе неколку денови еруптира и предизвикува голема штета. Покрај ерупцијата, има и многу земјотреси. Бикот, кој е знакот на стабилноста е предизвикан од Уран чија енергија е движење и промена. Наредните неколку години можеме да очекуваме поголема активност околу светот. Природата се буди и ни испраќа порака, а ние треба да ја слушаме.
2. Лично будење
Повеќето луѓе навистина не знаат кои се и нивното внимание е далеку од нив самите. Генерално, населението воопшто не е поврзано со себе. Уран ќе ги промени мислењата кои ги имате за вас и ќе ве ослободи од нив. Ова ќе биде како нов почеток за многу луѓе кои ќе почнат да ја гледаат нивната вистинска природа, цел и место.
3. Потешко соочување и прифаќање промени
Енергиите на Бикот и Уран се спротивни. Бикот ја сака стабилноста, додека Уран ги сака промената и растењето. Следниов месец, па и следните неколку години, вашите мисли за стабилност и безбедност ќе се променат. Она што некогаш сте го сметале за безбедно, може повеќе да не го гледате како такво. Време е да се ослободите од некои нешта и да прифатите нов поглед кон светот.
4. Промена на врската со парите и нештата
Општеството се движи подалеку од приватната сопственост. Нашите идеи за она што е наше, а што не е ќе почнат да се менуваат. Ако сте мислеле дека е лошо да му ја издадете собата на некого додека сте на одмор, можно е да го промените мислењето.
5. Промена на валутите
Последниот пат кога Уран бил во Бик, дошол крајот на Големата депресија во Америка. Следната криза е можеби зад аголот, а банкарските структури кои долго владеат можеби конечно ќе доживеат револуција.
6. Големите бизниси можно е да се соочат со пречки
Ерата на мажите лидери веќе привршува. Со движењата како #metoo, метафоричката кастрација на бизнисите станува реалност. Помладата генерација го презема водството и долгите позиции на моќ можно е да се изгубат.
7. Промена на мислењата за врските и љубовта
Моделите со коишто сме израснати повеќе не функционираат и се движат кон отворени врски. Отворената врска не мора да значи полигамија, но и тоа е возможно. Отвореноста се однесува на споделување без тајни. Сите ќе бидеме послободни да го кажеме она што го мислиме. Штитовите кои сме ги поставувале конечно ќе се спуштат и ќе се чувствуваме послободно и побезбедно со другите.
Ерата на стабилност и слобода
Слободата на изразувањето, слободата на материјалното поседување и слободата на парите ќе имаат големо влијание врз нашите животи. Најдобриот начин да ја преживеете оваа промена е да се отворите кон неа и да ја прифатите. Отпорот ќе биде природен, но ќе заврши само со фрустрација.
Прочитајте го и вашиот кинески хороскоп за месец мај.