Не треба да ги чувате комплиментите за кога ќе бидете лудо вљубени. Дури и на почетокот на врската, важно е да му кажете на партнерот колку ви значи и колку се грижите за него.rnrn
rnrnСигурно не сакате да мисли дека полека ви станува здодевно со него. Не сакате да се чувствува како да сте со него бидејќи сте направиле ветување и сега сте заглавени.rnrnНемојте да претпоставувате дека знае дека го сакате бидејќи живеете заедно или имате дете. Потребно е да го потсетите одвреме-навреме. Потребно му е да знае дека огромната љубов кон него не исчезнала.rnrnНе смеете да си дозволите да бидете мрзливи бидејќи ако не му кажувате колку го сакате и не го разгалувате понекогаш, ќе почне да се чувствува запоставено. Вашиот партнер ќе почне да се сомнева во вашите чувства. Токму поради ова, кога сакате некого потсетувајте го секој ден со зборови и дела.rnrnБакнете го. Помогнете со садовите за миење. Дајте му комплимент. Седнете близу еден до друг кога гледате нешто. Бакнете се пред да одите на работа. Наполнете го фрижидерот со неговата омилена храна. Купете му кафе на патот кон дома. Понудете му масажа. Прегрнете го. Дајте му причина да се чувствува посакувано.rnrnЗа неговиот роденден купете му картичка и напишете некоја слатка порака. За време на празниците пронајдете го совршениот подарок, подарете му нешто што ќе му значи. На вашата годишнина организирајте совршен состанок кој долго ќе го паметите.rnrnНо не чекајте само посебни прилики за да ја покажете вашата љубов. На која било ноќ запалете свеќи. Направете вечера. Држете го за рака. Играјте си со неговата коса. Дозволете му да одбере филм. Бакнете го во јавност.rnrnПокажете ја вашата љубов со мали нешта. Носете ја блузата што ви ја купил. Исклучете го телефонот за време на состанок. Однесете го во омилениот ресторан. Објавете фотографија од вас двајцата. Дајте му го последното залче од вашиот оброк.rnrnСе разбира, делата не се единственото важно нешто. Обрнете внимание на вашите зборови. Кажувајте како се чувствувате. Почесто кажувајте благодарам, те сакам, те ценам. Кажете му дека изгледа убаво. Дека е ваш најдобар пријател.rnrnКога сакате некого, потсетувајте го секој ден бидејќи заслужува да се чувствува посебно. Заслужува да чувствува дека сте среќни и дека не би го замениле за ништо.rnrnДознајте и како да најдете љубов што ќе трае.
Ако сакате некого, потсетувајте го секој ден
