КАФЕ ПАУЗА

10 природни чуда видени преку стакло

10 природни чуда видени преку стакло

Природата е најубава кога се гледа без филтер, таква каква што е, а некои пејзажи и природни појави можат да бидат уникатно искуство кое го покренува адреналинот. Во голем дел од ваквите места, постојат сместувачки капацитети за заштита од надворешните неповолни влијанија, кои доживувањето на природата го прават поинакво кога се гледа низ стакло.rn

1. Игло бунгалови

rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnСе наоѓаат во Селото на Дедо Мраз во Лапонија, Финска, а преку стаклените делови може да се набљудуваат елените, снеговите и поларната светлина.rn

2. Пауза со ајкули

rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnВо Сан Франциско постојат два подводни проѕирни тунели во крајбрежниот аквариум. Преку нив може да се набљудува морскиот свет и повеќе видови ајкули кои живеат во овој дел.rn

3. Лифт кон височините

rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnЛифтот Бајлонг е изграден во кинескиот национален парк Жангџиаџие, изработен е од проѕирен материјал и силна челична конструкција и оди и до 300 метри нагоре, дозволувајќи да се видат уникатни сцени од кањонот.rn

4. Стаклениот мост

rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnВо истиот кинески национален парк постои и долг проѕирен мост кој освен што е застрашувачки, придонесува и за високо адреналинско искуство на посетителите.rn

5. Гнездо во височините

rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnВо Перу, туристите може да искусат сместување на раб на карпа во Светата долина. Домаќините нудат одлично сместување со вклучени оброци, проследени со квалитетно вино и незаборавна глетка.rn

6. Хеликоптерски тури

rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnВо САД постојат хеликоптерски тури над Големиот Кањон, Јелоустоун и вулканите на Хаваи, а туристите може слободно да фотографираат уникатни глетки.rn

7. Воз „на отворено“

rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnПостојат неколку железнички рути во Алјаска и Канада преку кои патниците можат да разгледаат недопрени предели од овие региони. Вагоните се изработени од проѕирен плексиглас, за искуството да биде што подобро и пореално.rn

8. Соби во меур

rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnПостојат во Франција и во Северна Ирска, но и во други делови на Европа. Изработени се во форма на меур од кои може и да се гледа живиот свет, но и туристите да се безбедни од потенцијални опасности.rn

9. Стаклени бродови

rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnВо овие бродови, патниците не се лишени од разгледување, но се заштитени од надворешни влијанија. Ги има во реките во Чикаго, Париз, Копенхаген, Сингапур и Стразбур.rn

10. Подморници со проѕирно дно

rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnПрекрасно искуство за разгледување на морското дно, а ги има околу Големиот корален гребен, на Хаваите и околу Нов Зеланд.rnrnПрочитајте ги и овие факти за најдалечните острови ширум планетата.