Најубавото љубовно писмо на сите времиња: Ти си главната причина поради којашто постојам…

Сподели

Роденденската честитка којашто Џони Кеш ја напишал до својата сопруга Џун Картер е прогласено за најубавото љубовно писмо на сите времиња. Имено, писмото било напишано во 1994 година, кога познатиот Кеш ѝ го честитал 65-от роденден на својата сопруга и од тогаш па навака служи како „калап“ за составување прекрасни писма преку кои ги искажуваме своите емоции. Затоа и било изгласано од луѓето ширум светот како најубавото и најискреното писмо полно со емоции коешто некогаш го прочитале. Уживајте во него и фатете го пенкалото во раце, за и вие да напишете нешто вакво за вашите љубени…

Реклама

[message_box title=”” color=”yellow”]

Среќен роденден, принцезо. Старееме и се навикнуваме еден на друг. Исто размислуваме. Си ги читаме мислите еден на друг. Знаеме што сакаме без ниту едно поставено прашање. Понекогаш и по малку си газиме на живци. Понекогаш можеби и се земаме здраво за готово. Но понекогаш, како денес, размислувам за сè и ми станува јасно колку сум среќен што го поминав животот со најдобрата жена која некогаш сум ја запознал. Уште ме фасцинираш и ме инспирираш. Твоето влијание ме прави подобар. Ти си предмет на моите желби и главната причина поради којашто постојам. Силно те љубам.

Среќен роденден, принцезо

Џон

[/message_box]

Прочитајте го и ова страсно љубовно писмо напишано од писателот Хенри Милер до неговата љубовница.

Популарно

Може ќе ве интересира