КАФЕ ПАУЗА

Одличен трик за педикир со сода бикарбона пред сезоната на сандали

Одличен трик за педикир со сода бикарбона пред сезоната на сандали

Топлото време нè натера да ја извадиме летната гардероба од нашите плакари, а со тоа доаѓа и желбата и стапалата да се чувствуваат ослободени од чизмите, чевлите и патиките кои ги носевме до пред некое време. Но, пред да решите да облечете сандали, внимателно разгледајте ги стапалата, проверете дали имате груба кожа и потемнување на ноктите и размислете за педикир.rnrnОдличен трик за педикир со сода бикарбона пред сезоната на сандалиrnrnАко немате време да посетите салон за да ги средите вашите стапала, обидете се со еден едноставен, евтин и домашен рецепт за педикир благодарение на кој веднаш ќе ги затворите чорапите во фиоката, каде што ќе ја чекаат следната есен. Најважната состојка во овој рецепт е нешто што сите го имаме дома – сода бикарбона.rnrnИзмешајте сода бикарбона со лимонов сок и паста за заби и смесата нанесете ја на ноктите на нозете, па нежно тријте со стара четкичка за заби. На овој начин ќе ги отстраните заноктиците и ќе им ја вратите свежата боја на вашите нокти. Потоа можете да направите пилинг на целите стапала и да ги потопите во топла вода со сол. Употребете турпија за најгрубите делови.rnrnОдличен трик за педикир со сода бикарбона пред сезоната на сандалиrnrnОвој третман може да се повторува на седум дена. Како дополнителен совет, секогаш користете различна четкичка за триење на прстите или бидете сигурни дека убаво сте ја дезинфицирале онаа што сте ја употребиле претходниот пат.rnrnПрочитајте ги и овие правила за совршен домашен педикир.