Како да се опкружите со добри пријатели и помалку непријатели?

Како да се опкружите со добри пријатели и помалку непријатели?

Запрашајте се, колку пријатели навистина имате. Ако сте машко, мала е веројатноста дека имате круг на луѓе коишто ви се навистина блиски. Жените, и покрај нивната природа на поврзување, исто губат многу пријателства поради денешниот начин на живот. Можеби имате илјадници пријатели на социјалните мрежи, но на колкумина можете да им се јавите во 2 часот наутро ако имате проблем?

Како да се опкружите со добри пријатели и помалку непријатели?

Како да напредувате во пријателството?

Постои навистина интересна формула – опушти се, отвори се, поврзи се. Ова се првите стратегии коишто треба да ги совладате ако сакате да создадете блиски и значајни пријателства.

Опуштете се

Живееме во свет кој постојано забрзува. Поради ова, не ни сфаќате колку брзо работат вашите тело и ум, како и кои се ефектите од ова. Но, штом ќе почнете да го прифаќате вашето темпо, ќе можете и да се опуштите. Притоа, додека се релаксирате, голема е веројатноста да се почувствувате анксиозно, а тоа е сосем нормално. Ова е процес кој трае цел живот, па нема потреба да брзате. Важно е да почнете да гледате резултати. Смиреноста е одлична алатка за подобрување на оваа вештина. Штом ќе забавите, ќе можете да преминете на следниот чекор.

Отворете се

Штом ќе почнете да ги прифаќате вашите тело, ум и емоционално искуство, мора да станете ранливи кон другите. Ова е клучно за создавање нови и блиски пријатели. Без ранливост не постои врска, туку интеракција. Навистина е страшно, може да бидете одбиени, повредени или засрамени. Но, без ранливост другата личност нема со што да се поврзе освен со вашата надворешна маска. Кога сте ранливи вие сте реални, вие сте човек. Се разбира, некои луѓе нема да ве сакаат, но другите ќе ве сакаат и ќе сакаат да бидат ранливи со вас.

Поврзете се

Штом ќе се опуштите и отворите, подготвени сте да посегнете и да се поврзете со некого. Ако ранливоста е клучот, поврзувањето е вратата. Кога ќе ги надминете вашите стравови од посегнување по некој друг, навистина сте напреднале. Кога активно ќе почнете да се поврзувате, контролата ќе дојде во вашите раце. Ако сакате повеќе пријатели, применете ги овие чекори уште денес.

Клучни точки на формулата

Создавање безбедно место

Ова е клучно за формулата за пријателство. Ако не се чувствувате безбедно, голема е веројатноста и другата личност да го чувствува истото, а кога вашето тело добива сигнали дека сте во ризик, не сте природно ориентирани кон создавање пријателства. Можете да поминете преку тоа одрекувајќи ги вашите чувства или пак, забавувајќи го темпото за да си дозволите да се чувствувате небезбедно, додека истовремено ризикувате во процесот на поврзување со другите. Безбедното место е како плодна почва за пријателство.

Кажете јасно што сакате

Кога ќе забавите за да се поврзете со пријателите со коишто сакате, наместо да се надевате, кажете си јасно што сакате и создадете план. Ако сакате пријатели кои уживаат во природа, баровите нема да бидат местото каде што ќе ги најдете. Пешачењето би било одлично место за среќавање вакви луѓе.

Одбијте го она што не го сакате

Ова значи дека понекогаш треба да ги одбиете пријателите што не ви даваат енергија. Се разбира, добрите пријатели се секогаш овде едни за други. Но, ако пријателите постојано бараат помош од вас, а не ги слушаат вашите совети, сигурно нема да сакате да разговарате со нив. Понекогаш најдобро е да се оддалечите од овие луѓе. Поставете си граници и луѓето кои не ги сакате како пријатели ќе почнат да исчезнуваат. Оние кои ги сакате ќе почнат да се појавуваат во вашиот живот.

Движете се кон нешто поголемо од вас

Обично нè привлекуваат луѓе кои имаат цел во животот. Читаме книги и гледаме филмови за луѓе кои се залагаат за нешто. Движете се кон тоа да ја пронајдете вашата страст. Истражете и откријте што е она за што сакате да живеете.

Уживајте во самотијата

Колку повеќе уживате во вашето друштво, толку повеќе и другите ќе уживаат со вас. Кога не зависите од другите, тие ќе бидат привлечени од вас. Сигурно сте запознале личност која е премногу зависна и со која не сакате да се дружите. На сите ни се потребни пријатели и социјализирање, но понекогаш е во ред да уживате и во ваше друштво.

Поврзувањето може да биде критично

Решавање проблеми

Ние луѓето сме тренирани да разбираме и да решаваме проблеми. Но, оваа стратегија не е најдобра за создавање пријателства. Следниот пат кога ќе забележите дека решавате нечиј проблем, забавете и искористете ја формулата. Барајте помалку разбирање и повеќе поврзаност. Охрабрете ја личноста да ја покаже својата ранливост. Можете дури да искористите и физички допир. Некои истражувања докажале дека допирот е моќна алатка за поврзување која веднаш ги смирува луѓето.

Заеднички моменти

Кога ќе се најдете во потенцијално опасна ситуација, речиси сигурно ќе побарате помош. Авантурите со новиот пријател можат навистина да ја зајакнат вашата врска. Кога ќе се соочите со заеднички проблем кој заедно ќе го решите, во иднина сигурно ќе се потсетувате на искуството и чувствата поврзани со него. Планирајте специјални настани за да го зацврстите пријателството.

Ритуали за поврзување

Нам ни е потребна предвидливост во животот. Па, испланирајте активности со пријателите кои ќе ве зближат. Можете да се договорите да излегувате еднаш неделно и да бидете ранливи едни со други. Ова повторување ќе го направи вашето пријателство многу посилно.

Слушање

Слушањето е можеби најважното нешто кај силното пријателство. Колку луѓе би седеле и би ве слушале со часови како разговарате за вас и вашите проблеми? Ако го гледате слушањето како ментална задача, може да ви изгледа здодевно. Но, ако го гледате како емоционална интимност може да биде застрашувачко, ама и возбудливо. Кога го слушате пријателот, забележете како се чувствувате. Кога зборувате вие, забележете како постепено ја отворате вашата школка.

Забава

Забавата навистина ги зближува луѓето. Сигурно сакате да се дружите со забавни личности, луѓе пред кои можете да се однесувате дури и глупаво. Ако некогаш ви пропадне шегата, тоа нека ви биде лекција. Вашиот неуспех само вам ви изгледа толку лошо. Другите ќе го ценат вашиот обид.

Бидете ваш најдобар пријател

Користете ја формулата за пријателство и на себе. Ако постојано си кажувате негативни работи, променете го тоа. Обидете се да ги прифатите вашите искуства без да си судите. Застанете на своја страна како што би го направиле тоа за добар пријател.

Давање

Вложувајте во пријателството без да очекувате нешто за возврат. Давајте комплименти, кажете ѝ на жената во продавницата дека денес изгледа неверојатно. Колку повеќе давате, толку повеќе другите ќе сакаат да бидат околу вас. Преземајте ризици кога другите не го прават тоа.

Пробувајте ги овие совети секој ден. Играјте со нив. Не плашете се од грешките бидејќи без нив нема да научите. Излезете до вашата удобна зона и отворете се кон нови и незаборавни искуства.

Погледнете ги и овие совети кои ќе ви помогнат да го зацврстите вашето пријателство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар