КАФЕ ПАУЗА

Љубовен хороскоп за мај: Кого го чекаат нови шанси за пролетна романса?

Краток љубовен хороскоп за мај: Кого го чекаат нови шанси за пролетна романса?

Започна месецот на знакот Бик, а со тоа се менува и влијанието на ѕвездите врз сите припадници на останатите хороскопски знаци. Мај може да донесе многу промени и за оние кои веќе се во врска, но и за оние кои се сингл и кои не очекуваат нешто да се смени. Да погледнеме што ќе се случува во текот на овој месец на љубовен план:rnrnКраток љубовен хороскоп за мај: Кого го чекаат нови шанси за пролетна романса?rn

Овен

rnАко сте во врска: Избегнувајте да лажете и внимавајте што му кажувате на партнерот. Неискреноста ќе ја разруши довербата, а ќе бидете присилени да ги објаснувате своите некоректни потези. Во втората половина од месецот ќе имате можност да го уредите заедничкиот дом, но и да ја обновите врската. Усогласете ги работните обврски со домашните.rnrnАко сте слободни: Можно е да се вљубите во личност која веќе е во врска, но и вие ќе ѝ се допаднете, па постои можност за тајна врска. Средината и крајот на мај предвидуваат возбудлива романса. Повозрасните припадници нема да бидат поштедени од желбата за авантура. Ќе бидат привлечени од забавна, комуникативна и атрактивна личност. Сосема е веројатно дека ќе се вљубат.rn

Бик

rnАко сте во врска: Постои можност за несогласувања со саканата личност во врска со заедничките планови, особено за финансиите. Бидете подготвени на компромис и ќе успеете да ја надминете кризата. Дозволете си кратко патување со партнерот во втората половина на мај. Тоа ќе ви помогне да ги надминете несогласувањата, да ја подобрите комуникацијата и да ја обновите меѓусебната доверба.rnrnАко сте слободни: Ќе ве води идејата да најдете личност која ќе ви биде сродна душа и со која ќе ги исполните сите свои љубовни соништа. Ќе запознаете некого за кого ќе мислите дека е токму вистинската личност, па можно е да развиете платонски чувства. Од средината на месецот ќе ги согледате нештата пореално и ќе се обидете да дознаете дали таа личност сака врска. Некои од Биковите во тој период ќе запознаат некого кој ќе остави голем впечаток врз нив, но нема да биде лесно да ја освојат оваа личност, која и онака е премногу комплицирана. Сепак, упорноста може да се исплати.rnrnКраток љубовен хороскоп за мај: Кого го чекаат нови шанси за пролетна романса?rn

Близнаци

rnАко сте во врска: Доколку нешто криете од вашиот партнер, или пак мислите дека тој крие од вас, можно е да настане конфликт токму поради тоа. Ќе имате потешкотии да сфатите што му е потребно на вашиот партнер за врската да функционира нормално. Од друга страна, тој ќе се труди правилно да ве насочи, за да можете заедно да планирате и да реализирате, но и да придобие поголем дел од вашето внимание. Поминувајте повеќе време заедно.rnrnАко сте слободни: Почетокот на мај може да ви донесе внимание од личност која ја познавате преку други, а која не ви е многу блиска. Сепак, ќе забележите дека сè почесто е околу вас и се обидува да започне разговор. Крајот на мај ќе донесе романса и почеток на врска, но не неопходно со таа личност. Ќе воспоставите силни чувства кон новиот партнер, но можно е да се појави и друга личност која ќе го привлече вашето внимание. Проценете со кого е најдобро да останете во врска, бидејќи последните денови од мај носат сериозно вљубување.rn

Рак

rnАко сте во врска: Заедничките моменти со саканата личност ќе ве исполнат со среќа и добро расположение. Ќе му пружите на својот партнер голема резерва од своите емоции. Поради поволниот период за усогласување на заедничките цели, ќе успеете да ја подобрите вашата врска, како и заедничкиот живот. Опсипете го партнерот со мали знаци на внимание, излегувајте, забавувајте се и релаксирајте се. Крајот на мај може да донесе мало ладење на односите, но сето тоа ќе биде поради зголемените работни обврски.rnrnАко сте слободни: Имате изразена потреба за романтични моменти, но за жал, тешко ќе оди пронаоѓањето ваква личност. Но, во втората половина од месецот, ќе запознаете личност која во прв момент ќе ви изгледа како необична и потоа ќе сфатите дека е романтично заинтересирана за вас. Потрудете се да ѝ се допаднете на оваа личност, бидејќи бара романтичен партнер.rnrnКраток љубовен хороскоп за мај: Кого го чекаат нови шанси за пролетна романса?rn

Лав

rnАко сте во врска: Во првата половина на мај ќе имате исклучителна комуникација со партнерот и можност за поставување нови цели. Ќе бидете подготвени да внесете нова динамика во врската, што ќе донесе крај на монотонијата која се појави во изминатите недели. По 16 мај можни се мали несогласувања со партнерот, кои ќе предизвикаат, пак, поголеми караници и раздор во врската. Мора да пристапите разумно за полесно да го надминете проблемот.rnrnАко сте слободни: Потребни ви се нови искуства во љубовта. На лавовите често им се случува да се заситат од актуелната ситуација и да почнат да бараат нови искуства. Сакате да запознаете некој кој е посебен, кој се разликува од оние луѓе во вашето опкружување. Во втората половина на мај постои можност да запознаете токму таква личност, која иако ви изгледа ексцентрично, вас ќе ви биде предизвик за нова романса. Потребно е трпение на почетокот, за да може врската да биде полесна и поемотивна.rn

Девица

rnАко сте во врска: Уште во првите неколку денови од мај ќе имате засилена потреба за романтика и поголем број интимни заеднички мигови со саканата личност. Потрудете се секогаш да давате чиста и искрена емоција, за да избегнете недоразбирања. Само на тој начин врската ќе биде емотивна, складна и успешна. Кон крајот на мај постои можност за остварување на заедничка голема желба.rnrnАко сте слободни: Вашето внимание ќе го освои личност за која имате впечаток дека е привлечна и стабилна, иако познанството е само површно. Ќе ја идеализирате вашата симпатија и можно е да ги занемарувате недостатоците. Истакнете ги своите најдобри карактеристики, за да привлечете личност со иста фреквенција на душата. Некои Девици ќе имаат преголеми очекувања, па можни се и мали разочарувања на љубовен план.rnrnКраток љубовен хороскоп за мај: Кого го чекаат нови шанси за пролетна романса?rn

Вага

rnАко сте во врска: Првата декада од мај носи пријатни моменти во вашата врска. Ќе разменувате многу нежности и ќе уживате во секој момент заедно. Веќе во втората декада се можни мали несогласувања околу заедничкиот живот и обврските. Најмногу трпение ви е потребно точно на средината на месецот, период што може да донесе несогласувања. Избегнувајте да лажете. На крајот од месецот нештата ќе се средат и ќе можете да ја обновите емотивната врска.rnrnАко сте слободни: Ќе чувствувате умор и губење на надежта дека околу вас постои личност вредна за вашето внимание. Но, ви претстои патување на кое ќе имате многу можности да започнете романтичен однос со личност која припаѓа на сосема друга култура и менталитет, поради што лесно ќе бидете освоени. Постои и голема шанса за нова врска. Некои Ваги ќе успеат да го привлечат вниманието на личност која веќе им се допаѓа, но нема да им бидат јасни сигналите кои ги праќа. Затоа, на самиот крај на месецот следи пријатно изненадување.rn

Скорпија

rnАко сте во врска: Почетокот на месецот е неповолен период, особено ако имате тајни пред вашиот партнер. Постои можност тајните да бидат откриени и да ја загрозите врската. Бидете искрени и најдете начин да објасните зошто сте криеле нешто од него. Втората половина на мај исто носи несогласувања, но овој пат и на ниво на семејството. Ќе ви бидат потребни многу трпение и нерви за да го истуркате месецот, но сè ќе дојде на свое место на самиот крај.rnrnАко сте слободни: Вашата страст ќе биде засилена, а со тоа ќе можете да го освојувате вниманието на секој кој ќе ви се допадне. Не е исклучена ниту можноста да бидете одбиени, но тоа нема да ве поколеба да се обидете повторно. Во последните денови од месецот нова личност ќе се обиде да ве освои и иако ќе се противите на почеток, за брзо време ќе успеете да ѝ дадете шанса. Кај некои претставници на Скорпијата сите обиди да освојат некого може да бидат залудни, по што ќе следи разочарување.rnrnКраток љубовен хороскоп за мај: Кого го чекаат нови шанси за пролетна романса?rn

Стрелец

rnАко сте во врска: Неповолниот период може да донесе караници и несогласувања со партнерот, а со тоа ќе биде нарушена и меѓусебната доверба. Најдобро е да се обидете да се договорите да ги поделите домашните обврски. Било да живеете заедно или не, потребни се многу трпение и компромиси. Но, затоа, втората половина од мај носи динамика во односот и желба и двете страни да ги надминат несогласувањата. На самиот крај од месецот ќе го средите проблемот со довербата.rnrnАко сте слободни: Сите обиди да ја привлечете личноста која ви се допаѓа ќе наидуваат на пречки, па ќе имате впечаток дека постојано притискате со глава во ѕид. Поради тоа, трпението ќе ви биде намалено. Во втората половина некоја личност ќе покаже заинтересираност за вас, но оној кој веќе ви се допаѓа ќе се налути и конечно ќе одлучи да ви пристапи. Ќе биде тешко да изберете. Кај некои Стрелци кои ќе успеат да излезат со личноста што им се допаѓа, постои ризик за несогласувања. На повидок се и нови шанси.rn

Јарец

rnАко сте во врска: Почетокот на мај ќе биде проследен со несогласувања, поради тоа што вас ќе ви биде потребно време за себе и несакајќи ќе го занемарите партнерот. Тоа ќе отвори вистинска Пандорина кутија на нешта кои биле премолчувани досега и потребен ќе биде голем труд да се најде заедничко решение. Во последните десет дена од месецот ќе имате можност за внесување квалитетни промени во врската, но крајот на месецот носи повторно ладење на односите.rnrnАко сте слободни: Ќе запознаете личност која ќе ви го привлече вниманието, а можна е и авантура исполнета со многу еротски моменти. Сепак, не очекувајте дека се работи за нешто трајно и не ја идеализирајте таа личност. Отворете се за нови предизвици и искуства, без разлика дали врската ќе успее или не. Некои Јарци ќе започнат врска со личност која веќе подолго време е околу нив и позитивно им влијае, но неопходно е и самите да бидат пофлексибилни кога се во прашање чувствата на партнерот.rnrnКраток љубовен хороскоп за мај: Кого го чекаат нови шанси за пролетна романса?rn

Водолија

rnАко сте во врска: Внесете повеќе фантазија и романтика во врската и опсипете ја саканата личност со многу нежности. Обидете се да не дозволите работните обврски да ја саботираат вашата врска. Во средината на мај ве очекуваат нови возбудувања со партнерот, заеднички излегувања, забава, динамика и задоволства. Ќе имате многу шанси да го направите партнерот среќен што ве има.rnrnАко сте слободни: Ќе соберете храброст да ѝ пријдете на личност која ве привлекува и да го добиете нејзиното внимание. Иако ќе сакате да започнете врска, некаде околу средината на месецот ќе се премислите. Ситуацијата ќе ја влоши и друга личност, која ненадејно ќе ја запознаете, а која веднаш ќе ве освои. Повозрасните претставници на овој знак ќе имаат доволно време за да привлечат нечие внимание, особено со интелигенцијата и фантазијата.rn

Риби

rnАко сте во врска: На самиот почеток на месецот можни се мали несогласувања со партнерот, кои ако не се решат навреме, ќе преминат во поголеми и посериозни. Потоа, можни се и вербални конфликти, но по 13 мај ситуацијата ќе биде помирна и постабилна, особено затоа што ќе решите отворено да разговарате за несогласувањата. На овој начин ќе успеете да ја спасите врската и подобро да се согласувате со партнерот.rnrnАко сте слободни: Ќе идеализирате една личност, но само оддалеку, бидејќи нема да имате храброст да ѝ пријдете. Избегнувајте некоректни чекори, бидејќи така нема да ѝ се допаднете. Обидете се да не влегувате во тајни и ризични врски, иако за тоа ќе имате повеќе од една понуда. На крајот од месецот ќе запознаете некој кој ќе ве освои со креативноста и фантазијата, а кај вас ќе предизвика силни чувства. Ризикот за неуспешна тајна врска постои и кај возрасните претставници на Рибите, но тие помудро ќе успеат да ја разрешат ситуацијата и да излезат од тој вртлог.rnrnПотсетете се уште и дали е можна љубов кај некомпатибилните астролошки парови.