10 здрави начини да се изборите против неуспехот

10 здрави начини да се изборите против неуспехот

Без разлика од што потекнува, неуспехот прави да се чувствуваме лошо и повредено. Постојат многу луѓе кои би направиле сè за да не се соочат со неуспех, само затоа што чувствата потоа се неподносливи за нив. Поради тоа важно е да се знае дека постојат здрави начини за луѓето да се соочат со неуспехот и последиците, кои ќе ги неутрализираат или целосно поништат чувствата на безвредност и болка.

10 здрави начини како да се изборите со неуспехот

Следуваат 10-те начини на кои можете да се изборите со некој пад во животот, за што побрзо да се вратите на нозе, подобри од кога било порано:

1. Прифатете ги своите емоции

Секој неуспех е проследен со бура од емоции, меѓу кои владеат срамот, анксиозноста, бесот и тагата. Тие можат да бидат доста непријатни и луѓето сакаат да ги избегнат. Но, токму тие емоции се дел од вас и нема потреба да се обидувате да ги „згаснете“. Наместо за неуспехот, мислете токму на нив, дозволете си да се чувствувате лошо извесно време, за да научите дека следниот пат треба да работите понапорно и поефикасно. Секоја емоција треба да се почувствува, за да знаеме подоцна како да се носиме со неа.

2. Препознајте ги нездравите обиди за редуцирање на болката

Доколку ви се случи неуспех на работното место, веројатно ќе си речете дека секако не ја сакате таа работа и ќе се повлечете или ќе земете неколку дена од годишниот одмор. Многумина во овој случај би пристапиле кон неколкудневни „прослави“ со храна и алкохол, кои привремено ќе ја намалат болката, но ваквиот начин воопшто не е здрав. Всушност, откако храната ќе биде преработена во организмот, а алкохолот ќе излезе од вас на еден или на друг начин, емотивната состојба може да биде далеку полоша.

3. Применувајте здрави начини за соочување со болката

Излезете со пријател, медитирајте, дозволете си убава пенлива бања, прошетајте се, пешачете, играјте си со миленичето… Овие начини се далеку подобри и поздрави од неконтролираното јадење и пиење. Најдете го оној кој навистина ви помага.

Доколку сте од оние кои при стрес почнуваат да пушат цигари или да јадат брза храна, направете една листа на активности со кои ќе ги замените штетните навики и секако, држете се до неа.

10 здрави начини како да се изборите со неуспехот

4. Препознајте ги нерационалните ставови за неуспехот

Ако мислите дека неуспехот значи дека сте лоша и неспособна личност, која никогаш нема да доживее успех, воопшто не сте во право и мора да се изборите против тоа верување. Неуспехот е составен дел од животот, а стравот од него може да ве спречи да се впуштите во многу уживања, само поради ризикот и таму да „паднете“.

5. Изградете реални ставови за неуспехот

Луѓето почесто се саботираат кога се уверени дека една грешка прави од нив целосно животно промашување. Се разбира, ниту еден случај не е безнадежен и секогаш може да се почне одново, да се средат мислите и да се постават реални очекувања. Секогаш знајте дека можете да поднесете неуспех, дека можете да научите многу од него, но и дека понатаму во животот сте подготвени за многу повеќе предизвици.

6. Прифатете разумно ниво на одговорност

Да, самите сме одговорни за своите неуспеси, но некогаш колку и да вложуваме, едноставно нештата не се „наместени“ на поволен начин. Престанете да ја преземате целата вина, но никако не смеете да ги обвинувате и другите. Доколку постојано обвинувате, ќе ја пропуштите лекцијата која неуспехот ја носи со себе. Не барајте извинувања, туку објаснувања, препознајте зошто не сте успеале и предвидете што треба да направите поразлично следниот пат.

10 здрави начини како да се изборите со неуспехот

7. Истражете за неуспесите на познатите

Постојат многу познати личности кои не успеале во една област, но станале исклучителни во друга. Секој животен пат е проследен со многу успеси и неуспеси и со истите е неопходно достојно да се соочуваме. Приказната дека некој научник имал ред неуспеси додека да дојде до она по што е познат дополнително ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе ве врати на патот од кој скршнавте.

8. Размислете што можете да научите

Неуспехот може да биде голем животен учител, но само доколку личноста е подготвена да ја научи лекцијата. Навратете се на грешката и размислете што можевте да направите поинаку. Применете го тоа кога ќе се обидете следниот пат. Само така ќе ја научите важната лекција за успесите и неуспесите.

9. Направете план за понатаму

Нема потреба во глава да ја вртите лентата од случката, затоа што тоа нема да донесе ништо добро. Сумирајте ги сите нешта кои тргнале погрешно и искористете ги за да ја сфатите основата на неуспехот. Повторно размислете како би се поставиле кон истиот проблем од денешен аспект. Тоа ќе ви помогне во креирањето на планот за понатаму.

10. Соочете се со стравот од неуспех

Ако сте поминале голем дел од животот плашејќи се од неуспех, навистина може да биде застрашувачки кога ќе се случи. Соочувањето со овој страв е клучен момент во борбата со непријатноста. Излезете од удобната зона и правете нови нешта иако и таму постои ризик за неуспех. Со тек на време ќе научите дека неуспесите не се толку лоши и дека во нив речиси секогаш се крие важна животна лекција, која мора да биде совладана за да можеме да продолжиме натаму.

Прочитајте зошто недостатоците се всушност ваши предности.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар