Секоја земја си има своја традиција, а заедно со традицијата оди и локалната кујна и кулинарските вештини. За некое место може многу да се дознае преку нивните карактеристични специјалитети и уличната храна. Некои оброци се навистина вкусни, но некои иако изгледаат примамливо, се подготвени од чудни состојки, кои инаку не би ги ни погледнале.rnrn
rnrnПогледнете каде во светот се подготвува најчудната и најбизарната улична храна, која локалните жители ја обожаваат, а туристите не можат ниту да ѝ се доближат и заклучете дали во вас можеби се крие следниот Ентони Бордејн.rn
1. Болут – Филипини
rn
rnrnНавидум обично сварено јајце од патка, но во неговата внатрешност има фетус. Оплодените јајца од патка се чуваат во инкубатор 2 дена, а потоа се варат за да се подготви оваа ужина, која на Филипините се третира како најобична улична храна.rn
2. Касу Марзу – Сардинија
rn
rnrnПита козјо сирење е оставено на отворено, за да го полазат муви, кои ќе положат јајца, од кои пак, ќе се изведат ларви. Овие ларви јадат од сирењето, потоа тоа ферментира, а она што останува е уникатна и мека текстура која локалните жители на Сардинија ја обожаваат.rn
3. Исав – Филипини
rn
rnrnУникатен вид на ражничи на скара, подготвен од пилешки и свински внатрешни органи. Се служат со најразлични сосови, најчесто по улиците на градот Манила. Храбрите туристи сметаат дека е доста вкусен избор за оброк.rn
4. Очи од туна – Јапонија
rn
rnrnВо Јапонија често може да се видат привремени улични објекти каде што се служи вкусна и прифатлива, но и доста бизарна храна, како што се очите од туна. Купувачот бира глава од риба, од која се вадат очите, се варат, па се послужуваат со соја сос и оризово вино.rn
5. Колбас од внатрешни органи – Франција
rn
rnrnИако овој специјалитет го има на повеќе локации, најчесто може да се најде во Франција и важи за колбас кој буквално смрди, поради деловите од кои е направен. Може да биде свински и телешки, а специфичниот мирис доаѓа од цревата кои се користат за полнење.rn
6. Хакари – Исланд
rn
rnrnСтанува збор за национален специјалитет подготвен од месо од гренландска ајкула, кое е отровно ако е свежо. Исто така, богато е со уреа, мирис кој сам по себе е доста непријатен, а кој се засилува при процесот на солење и сушење. По некој период, ова парче месо со мирис на уреа е спремно за употреба.rn
7. Остриги од Карпестите планини во САД
rn
rnrnОстрига на скара воопшто не е лош избор, но тајната е во тоа што во овој случај не се ни работи за остриги, туку за говедски, свински и овчи тестиси.rn
8. Црви Мопане – Зимбабве
rn
rnrnОвие големи гасеници кои локалните жители ги обожаваат се пржени и печени на скара. Нивниот вкус, наводно, е ист како на пилешкото месо. Во Зимбабве се употребуваат на сличен начин како што ние ги јадеме чипсовите или пуканките.rnrnПа, што вели за ова вашиот внатрешен Ентони Бордејн?rnrnПогледнете и кои се напопуларните јапонски оброци кои ќе го „зачинат“ вашето мени.