Експертите откриваат: Колку време им е потребно на жените за да се вљубат?

Експертите откриваат: Колку време им е потребно на жените за да се вљубат?

Вљубувањето може да биде вистинска луда железница. Има нешто во поврзувањето со друга личност на такво длабоко ниво кое едноставно ве топи. Досега многумина сфатиле дека сигурно има некакви разлики помеѓу мажите и жените кога станува збор за вљубување.

Експертите откриваат: Колку време им е потребно на жените за да се вљубат?

Точното време кое ѝ е потребно на една жена да се вљуби може да зависи од неколку фактори, како личноста со која се состанува, нејзините проблеми и нејзиниот распоред. Пред да се дискутира за тоа колку време е потребно за овој процес, важно е да се разбере како всушност се програмирани жените за да се вљубат.

Социјалниот психолог Саша Ауранд и експертот за врски Ајрин Фер се обиделе да откријат колку време им е потребно на жените за да се вљубат. Според Ауранд, основниот принцип на вљубување може да биде тоа дека кога имате добро искуство со некого, толку поголеми се шансите да се родат чувства. Ако се претпостави дека таа личност ги исполнува и вашите стандарди за идеален партнер, шансите за вљубување уште толку се зголемуваат.

„Создаваме основни листи со нашите критериуми во главно поврзани со нашите верувања, искуства, позадина и претходни врски. Личноста во која се вљубуваме мора да одговара на нашите стандарди или ја дисквалификуваме од категоријата потенцијален партнер“, изјавила Ауранд.

Иако изгледа како за овој процес да е потребно многу време, Фер и Ауранд нагласуваат дека вљубувањето е нешто што може да се случи во кој било период, па дури и во првиот момент.

„Љубовта на прв поглед сè уште е многу веројатна.“

Но ако дамите имаат за правење цела евалвација, како би сфатиле дека некој ги исполнува нивните критериуми уште при првата средба?

„Додека чувството на вљубување може да се појави брзо, на некои жени им е потребно повеќе време за да реагираат на тоа чувство“, изјавила Фер.

Но благодарение на биологијата, во некои случаи жените можат да оценат дали партнерот е вистинскиот за нив за многу краток период.

„Сето ова е потсвесно, па ако забележуваме каква е нашата интеракција со другите – стоење, одење, зборување, изглед, па дури и дали нè потсетуваат на некого кого му веруваме, навистина е лесно да се исполнат критериумите“, објаснува Ауранд.

Во главно, Ауранд смета дека љубовта е комбинација од лична историја, приоритети и хемија. Фер се согласува дека личната историја може да има голема улога во брзината на вљубување кај жената.

„Жените чија доверба била изневерена во минатото, или побавно се вљубуваат, или никогаш нема да се вљубат:“

Иако науката ни помага да откриеме како се вљубуваат и двата пола, Ауранд и Фер се согласуваат дека нема одреден временски период кој би одговарал за сите жени бидејќи приликите на сите се различни. Според Фер, ако постои едно нешто коешто може најмногу да предизвика љубов, тоа е довербата.

„Тоа е чувство каде што другата личност ве сфаќа и е овде за вас. Многу често, довербата е сосема доволна за вљубување.“

Па, ако се прашувате дали вашата девојка од соништата се вљубила во вас, единствениот начин да дознаете е да ѝ пријдете. Ако се прашувате дали вие сте вљубени во некого, погледнете внатре во себе. Длабоко, веќе го знаете одговорот.

Дознајте и за трите фази на вљубување кај мажите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар