КАФЕ ПАУЗА

Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

Конечно има научно докажани факти кои ќе им помогнат на жените да го освојат срцето на нивниот симпатија. Истражувањата велат: носете црвено, смејте се на неговите шеги, замавнете со колковите, не држете строги диети… Останатото прочитајте го подолу. :)rn

Облечете црвен фустан

rnАко имате црвен фустан длабоко збутан во вашиот плакар, кој одамна го имате заборавено, најверојатно ќе сакате да го извадите откако ќе го прочитате ова. Едно истражување спроведено на универзитетот Рочестер, покажало дека мажите ги означиле жените облечени во црвено како сексуално поатрактивни, во однос на оние кои не носеле црвено. Но, црвената облека сепак не може да направи чуда. Врз мажите не влијае бојата која ја носите на себе, кога тие го рангираат вашиот карактер и интелигенција.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

Немате црвен фустан? Зацрвенете ги вашите усни!

rn

Обојте ги вашите усни со црвен светкав сјај за усни и ќе имате поголеми шанси да го привлечете погледот на мажите кон вас. Научници од универзитетот Манчестер откриле дека мажите поминуваат многу време зјапајќи во вашите совршени усни, особено ако имате ставено црвен кармин. Црвената боја ги држи мажите хипнотизирани околу 7.3 секунди, додека розовите усни 6.7 секунди. Хипотезата е дека црвените усни го имитираат проширувањето на крвните садови, кое се случува за време на сексуалната возбуда. Не можете да се карате со биологијата, нели? 🙂

rn

Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

rnrn

Подарете му ја вашата насмевка

rnМанекенките кои чекорат по модната писта со „ледена“ фаца всушност грешат многу. Недамнешно истражување објавено од страна на Американската психолошка асоцијација, покажало дека смеењето ве прави поатрактивни, бидејќи го стимулира центарот за емоции во мозокот на мажите. Едноставно кажано, вие ќе изгледате многу попристапна, ако на себе носите блескава насмевка. Така што, наредниот пат кога ќе излезете со некое момче на кафе и си „фрлите око“, знаете што треба да направите. Насмевката е вашиот најдобар моден додаток.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

Наградете го со смеење од срце

rnДолгото, искрено смеење е навистина најдобриот лек за сè, вклучувајќи го и вашиот љубовен живот. Истражување спроведено од Канадскиот универзитет, покажало дека мажите ги привлекуваат жени кои се смеат на нивните шеги. Тоа прави логика, бидејќи сите сме нарциси во срце и ни се допаѓаат луѓето на кои ние им се допаѓаме. Ако тој едноставно не е интересен (ако сите негови шеги започнуваат со: си беше еднаш еден мој другар…) тогаш поштедете го од срамот, но ако сте шармирани од неговата добра смисла за хумор, женското кикотење нема воопшто да му пречи. :)rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

Суптилно имитирајте го

rnМожеби ова звучи како да треба да го копирате, но едно недамнешно истражување има покажано дека жените кои суптилно ги имитирале мажите со кои излегле, добиле повисока оценка на крајот од состанокот. Пренагласеното имитирање нема да ви даде плус поени, но кога тој ќе се почеша по лицето и вие почешајте се неколку секунди подоцна. Тој ќе смета дека покрај вас може да се чувствува удобно и дека сте компатибилен пар.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

Фаќајте високи ноти

rnИ покрај тоа што е општо познато дека сензуалниот глас е синоним за сексапилност, истражувања откриваат дека мажите всушност ги привлекуваат жени кои фаќаат повисоки ноти, како Мерлин Монро. Се сеќавате на нејзината секси изведба на песната „Happy Birthday“ пред бившиот претседател на САД Џон Кенеди? Ајде ќе почекаме додека го погледнете видеото. 🙂 Се разбира, нејзиниот долг, блескав фустан кој ù ги истакнува облините, воопшто не му смета на овој секси перформанс.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

Замавнете со колковите

rnДостоинствено и женствено чекорете низ супермаркетот и гледајте како погледите на мажите се вперуваат во вас. Жените кои малку замавнуваат со колковите додека чекорат, имаат поголеми шанси да го „боцнат“ машкото око, велат истражувачите од тексашкиот универзитет „A&M“. Галопирањето на манекенките по модната писта никој не ви го препорачува, доколку сакате да бидете забележани. Наместо тоа, правете долги чекори ставајќи ја едната пред другата нога, како да се движите по греда, за да изгледате суптилно и секси. Не заборавајте да замолите некое симпатично момче да ви симне некој производ од маркетот, што е качен на повисока полица. :)rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

Сведете ги вашите солзи на минимум

rnВашето момче не е пожелно честопати да ве гледа со марамчиња и солзи на лицето. На едно истражување кое неодамна беше објавено во магазинот за наука „Science express “, било откриено дека мажите помалку ги привлекуваат жени кои мирисаат на солзи. Се разбира, тешко е да не се расплачете на некоја тажна, емотивна сцена од филм, но доколку е возможно, сочувајте ги солзливите водопади за филмската вечер со другарките или гледајте го акциониот филм кој тој „умира“ да го гледа.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

Покажете ги вашите раце

rnОтсекогаш си мислевте дека мажите уживаат да гледаат во долги женски нозе, но истражување направено од универзитетот во Нов Јужен Велс, покажало дека мажите кои сметаат дека високите девојки се поатрактивни, се всушност привлечени од нејзините раце, а не нозе. Затоа, наредниот пат кога ќе правите вежби во салата за вежбање, направете повеќе вежби за мускулите на рацете и се разбира, додека го правите тоа, носете краток горен дел.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

Користете сличен стил на изразување

rnКомуникацијата и понатаму е најдобриот рецепт за долга и успешна љубовна врска. Истражувачите од тексашкиот универзитет во Остин, откриле дека паровите кои слично јазично се изразуваат, подолго истрајуваат. Во истражувањето биле спроведени онлајн разговори помеѓу повеќе љубовни парови и притоа 80% од оние кои се служеле со слични стилови на пишување и изразување, биле сè уште во врска три месеци после четот, наспроти 54% од паровите кои користеле различни стилови на пишување. Така, ако тој наместо „поздрав“ ви пишува „позз“, „здр“ наместо „здраво“ или „чек“ наместо „чекај“ и вие користете слични кратенки и јазични стилови, за да имате долготрајна и успешна врска.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

Истакнете ја вашата силуета

rnТој навистина не ги забележува тие неколку килца кои ги качивте во текот на изминативе месеци, а сега за тоа тврдење постои и доказ. Истражувачи од Шкотска забележале дека мажите повеќе ги посакуваат оние жени кои имаат нормална телесна тежина, во однос на оние кои се екстра слабички. Затоа, престанете да зјапате во наслвната страница од модното списание и самоуверено носете ги вашите секси бикини наредниот пат кога ќе отидете на плажа или базен и безгрижно гризнете една-две вафли кога ќе огладнете. :)rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.