Зошто 5-секундното правило е важно за писателите кои го одложуваат пишувањето?
Да се биде истовремено писател и личност што постојано ги одложува своите неодложни обврски е смртоносна комбинација – тоа е најголемиот убиец на продуктивноста! 5-секундното правило, пак, ни е познато од повеќе аспекти, почнувајќи од верувањето дека ако парче храна падне на земја и остане долу најмногу 5 секунди, може слободно да се изеде, па сè до инспиративната книга „5-секундното правило“ (The 5 Second Rule) на признатата авторка Мел Робинс.
Основата на ова правило е едноставна – ако имате импулс за постигнување некоја цел, треба да започнете веднаш, бидејќи за 5 секунди вашиот мозок сам ќе ја „убие“ идејата. Во овој случај, под импулс се мисли на секоја идеја, инспирација или цел за да започнете нешто и кога тоа ќе се случи, мора да реагирате веднаш, пред самиот мозок да одлучи дека нема да биде така. Секоја одложена секунда ги намалува шансите за реализација.
За полесно да добиете претстава како сето ова функционира, погледнете го и следново видео:
Зошто ова правило е толку важно за писателите?
Идејата може да избледи и да исчезне исто како што дошла, па затоа оние кои професионално се занимаваат со пишување, секогаш треба да ги запишуваат и своите инспирации и идеи, за подоцна да можат полесно да ги преточат во дело. Брилијантните идеи се премногу ретки за да се дозволи да бидат испуштени.
Исклучителни фрази и реченици
Кога ќе се сетите на некоја добра реченица што можете да ја искористите, запишете ја или снимете ја. Постојат поголеми шанси никогаш повторно да не се сетите на истата, отколку дека нема да ја заборавите.
За време на своите инспиративни говори, Мел Робинс често зборува за одложувањето, претставувајќи го како лоша навика која треба да се искорени. Според неа, причини за ваквото однесување може да бидат стравот од акција, сомнежот во себе и креативната блокада. Процесот на надминување на одложувањето вклучува акција дури и во моменти кога нешто не сакаме, но и кога мислиме дека нешто не можеме. Најважно од сè е да се почне од некаде и тие клучни 5 секунди да ги посветиме на само една активност, за да не дојде до конфузија, која повторно би довела до губење на инспирацијата.
Прочитајте ги и 9-те причини зошто интровертите треба да станат писатели.