Што навистина се случува со телото ако пиете една чаша вино на ден?

Што навистина се случува со телото ако пиете една чаша вино на ден?

Некои истражувања покажале дека една чаша црвено вино дневно е одлична за нашето здравје – му помага на телото да се ослободи од токсините и ја зголемува продуктивноста на мозокот. Една девојка решила да го тестира ова тврдење. Таа има 28 години и никогаш не била фан на алкохолот – обично пиела со пријателките по некоја чашка за време на викендот, а во текот на неделата понекогаш пиела и пиво. Па, какво било нејзиното искуство по пиењето една чаша црвено вино секојдневно?

Што навистина се случува со телото ако пиете една чаша вино на ден?

1. Проблеми со спиењето

Што навистина се случува со телото ако пиете една чаша вино на ден?

Пред експериментот таа немала проблеми со несоница и заспивала релативно брзо околу 11 часот. Но, на 2-риот и 3-тиот ден од експериментот почнала да забележува проблеми со спиењето. Се будела сред ноќ и не можела повторно да заспие. До крајот на експериментот немала други вакви проблеми и почнала да спие нормално. Најверојатно станува збор за некаква адаптација.

2. Проблеми со концентрација

Што навистина се случува со телото ако пиете една чаша вино на ден?

Бидејќи девојката го мерела и својот крвен притисок, забележала дека тој не се променил. Но по завршувањето на експериментот се чувствувала изморено и ѝ било потешко да се концентрира на работното место.

3. Грижа на совест

Што навистина се случува со телото ако пиете една чаша вино на ден?

Во текот на експериментот често се будела навечер чувствувајќи жед, па морала да стави чаша вода до креветот. На почетокот чувствувала и грижа на совест бидејќи пиела во текот на неделата, а не само за викенд. Сепак, сфатила дека нема потреба од тоа бидејќи никој не ја терал да ја пие целата чаша, па почнала повеќе да ужива во вечерите.

4. Дружење

Што навистина се случува со телото ако пиете една чаша вино на ден?

Во текот на експериментот девојката имала помалку состаноци каде што можела да пие вино. Па, почнала да се гледа со луѓе кои навистина сака да ги гледа. Често викала гости, или пак останувала сама дома.

5. Проблеми со кожата

Што навистина се случува со телото ако пиете една чаша вино на ден?

Девојката забележала дека качила некој килограм, но смета дека причината е тоа што почесто останувала дома и јадела повеќе. Исто така забележала и темни кругови под очите поради проблемите со спиење. На почетокот планирала експериментот да трае цел месец, но го прекинала по 3 недели.

Заклучок

  • Пиењето вино одвреме-навреме е многу поевтино отколку да пиете во бар. Можете да платите 2 пати помалку за добро шише вино наместо за 2-3 пива во бар. Покрај тоа шансите за претерано пиење се намалени.
  • Ако сте интроверт, ќе ви се допадне тоа што ќе се среќавате само со луѓе кои ги сакате.
  • Ќе ви се разгори љубопитноста за разните видови вино.
  • Дури и малку алкохол секој ден нема баш добро влијание на вашето здравје. Проблемите со спиењето и заморот не се толку добри.
  • Во главно немојте да пиете секој ден, но не чекајте посебна прилика за да се опуштите. Доброто вино и доброто друштво ќе ја разубават вашата вечер.

Погледнете и кои се последиците од само една вечер претерано пиење алкохол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар